Откако му дијагностицирале хипертензија и дијабетес пред неколку години, овој човек одлучил да ги одбегне вообичаените методи на лекување и да побара лек во природата. Во тоа успеал.
Открил дека има дијабетес, сосем случајно. Имено, тој постојано чувствувал жед, па кога го проверил своето ниво на шеќер во крвта, резултатите покажале дека има многу висок шеќер, дури 29 – што значело дека неговиот панкреас не функционира како што треба.
Веднаш му препишале инсулинска терапија, а исто така, започнал и да вежба во тој период.
Ниту лековите, ниту зголемената физичка активност не дале никакви резултати на подобрување. Неговата состојба, всушност, се влошила. Нивото на триглицеридите се зголемиле на 16, а притисокот му бил некаде просечно 150/100.
Тогаш одлучил да започне ново поглавје во својот живот. Тоа било вечерто на Нова година и гледал емисија “На работ од науката”, каде гостувал д-р Џон Зидрум, човек кој консумирал исклучиво сирова храна веќе 12 години.
Откако ја изгледал целата емисија, одлучил дека треба да го испроба овој метод. Пред сè си купил блендер.
Првата недела била најтешка, постојано бил на искушение да изеде нешто вкусно – печено или готвено. Меѓутоа, успешно ја преживеал таа недела, а позитивните резултатите набрзо можеле да се забележат.
Нивото на шеќерот се симнало на неверојатно 5. Беспотребно е да се каже колку бил изненаден, бидејќи претходно морал да зема бројни лекови за да го намали нивото на шеќер во крвта.
После тоа престанал да зема инсулин, бидејќи неговиот нов режим на исхрана не дозволувал зголемува на нивото на шеќер во крвта. Како бонус, започнал да слабее и изгубил околу 12 килограми за помалку од еден месец. Неговиот губиток на тежиба не застанал тука.
За четири месеци изгубил преку 25 килограми, неговиот притисок бил 120/70 и новото на триглицеридите биле 1,4. Се претворил во целосно нова личност.
Повеќе не морал воопшто да зема лекови и никогаш не се чувствувал поздраво и посреќно во својот живот.
Еве го рецептот за сокот кој тој секојдневно го консумирал, покрај сувата исхрана.
Потребни состојки:
5 банани
2 јаболка
2 киви
1 рака листови кељ (или спанаќ)
Постапка:
Сите состојки добро сомелете ги во блендер. Миксајте додека да добиете изедначена мазна смеса, а потоа промешајте ја со половина литар вода.
Едната половина од овој сок испијте го веднаш, на гладно, наутро, а втората половина во текот на денот, помеѓу оброците, но не на полн стомак.
Дополнителни совети:
Јадете многу свежо овошје и зеленчук.
Може да јадете и туна, бидејќи содржи доста витамин Б12.
Доколку не јадете туна, консумирајте го овој витамин во вид на суплемент, бидејќи е клучен за правилно функционирање на организмот.