Мајчината душичка и тимијанот се сродни билки кои доаѓаат од истиот род Thymus, а освен што се вистински ризници на здравјето, на најдобар начин ги збогатуваат и многу јадења.

Називот thymus за тимијанот доаѓа од грчкиот збор thymon што значи храброст, па затоа римските војници го додавале во водата за бањање за да зајакнат, а во средниот век го носече во своите џепови за да се заштитат од разни болести и непријатни мириси.

Иако мајчината душичка и тимијанот често се мешаат, постои една видлива разлика во начинот на растот: мајчината душичка расте како ползавец, а тимијанот расте исправено.

Сепак, и двете билки имаат исти својства, со тоа што оние кај тимијанот се малку посилни. Ао ве мачи кашлица, поради своите лековити материи, експертите препорачуваат инхалирање со мајчина душица за да се разгради секретот во бронхиите.

Тимијанот е една од најефикасните билки кога станува збор за кашлицата, а посебна е по тоа што лекува секаков вид на кашлица: и сува и продуктивна.

Од тимијан се прават бројни лековити препарати и влегува во состав на бројни сирупи и чаеви. Чајот од тимијан ги шири дишните патишта и го олеснува дишењето, па многу брзо ја олеснува и кашлицата.

Потребни состојки:

1 чајна лажичка сув тимијан
1 шолја зовриена вода
1 лажичка мед

Постапка:

Една чајна лажичка сув тимијан ставете во една шолја врела вода и промешајте. Оставете поклопено да отстои 20 минути, а потоа процедете и додадете 1 чајна лажичка мед.

Вака приготвениот чај се пие во голтки, не одеднаш, 2-3 пати во текот на денот, додека да престане кашлицата.