Home Десерти Овој рецепт го барав долго време… Оригинален рецепт за трилече со само...

Овој рецепт го барав долго време… Оригинален рецепт за трилече со само 4 јајца…Сочен и вкусен, се топи во уста!

Овој рецепт го барав долго време… Оригинален рецепт за трилече…Сочен и вкусен, се топи во уста!

Оригинален рецепт за трилече кој ќе ве воодушеви!

Го барав овој рецепт долго време…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
10 лажици шеќер
12 лажици брашно
12 г прашок за печиво
1.200 мл млеко
500 мл слатка павлака
400 г карамела

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да згусне. Додајте ги брашното и прашокот за печиво, па кога смесата ќе се изедначи сипете ја во калап 20х30 см намастен со путер.

Печете 30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Печениот бисквит избоцкајте го со чепкалка од предната страна, потоа внимателно превртете го и избоцкајте го и од задната страна.

Млекото помешајте го со слатката павлака и неколку кутлачи сипете во калапот во кој се печеше бисквитот. Вратете го топлиот бисквит внатре и рамномерно залијте го со ладното млеко. Одозгора премачкјате со карамел и оставете 2 часа во фрижидер.

Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: