Овој одличен колач со боровинки е совршено вкусен и мек, а исто така сочен и освежителен…

„Особено ми се допадна што пандишпанот е направен од само неколку состојки, па ќе го изматите додека да трепнете, бидејќи навистина не може да биде поедноставно…“ Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
240 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
240 г кисела павлака
150 мл масло
1 лимон (сок и рендана кора)
400 г меко брашно
10 г прашок за печиво
1 прстофат сол
500 г боровинки
шеќер во прав за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќер и ванила додека да добиете кремаста, густа смеса. Потоа додајте го маслото и киселата павлака, па повторно изматете за да се изедначи.

2.Потоа во смесата додајте сок од 1 помал лимон (или половина ако е голем) и ситно рендана кора, брашно, прашок за печиво и прстофат сол. Измешајте рачно со жица додека тестото да се изедначи и да нема грутчиња.

3.Калапот 19х33 см намастете го и набрашнете го, сипете половина од тестото. Израмнете и одозгора распоредете половина од боровинките.

4.Сипете го остатокот од тестото за бисквит, а одозгора остатокот од боровинките. Со лажица или со дланка нежно притиснете ги за да навлезат во тестото. Печете во загреана рерна на 190 степени, 45 минути.

5.печениот колач оставете да се олади на собна температура. посипете го со шеќер во прав и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.