Овој колач го правеше мајка ми, а јас го правам можеби и подобро од неа..Запишете си го овој рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
2 лажици шеќер (може и повеќе)
80 мл јогурт
рендана кора од лимон
80 мл масло
2 големи јаболка
50 г суво грозје
малку цимет
5 лажици брашно
2 лажици гриз
1/2 прашок за печиво

ПОСТАПКА:

Белките изматете ги во цврст снег со 2 лажици шеќер, па додајте 5 лажици брашно помешани со прашок за печиво, како и 2 лажици гриз. Промешајте со лажица или жица.

Потоа додајте рендана кора од лимон, жолчките изматени само со виљушка, јогуртот и маслото. Издначете, смесата да остане пенлива. Половина сипете во помал калап обложен со хартија за печење и израмнте.

Одозгора распоредете рендани јаболка зачинети со цимет и малку суво грозје по вкус. А, врз јаболката распоредете ја втората половина од тестото.

Печете 40-45 минути во претходно загреана реерна на 200 степени. Оставете малку да подизлади, па посипетее го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.