Овој чај го сакаат коските и зглобовите…Проверен рецепт на д-р Марио…
Чајот е еден од најпроучуваните пијалаци кога станува збор за неговите придобивки за пациентите со артритис. Зелениот, црниот и белиот чај се богати со полифеноли – соединенија од растенија кои имаат силни антиинфламаторни ефекти.
Д-р Марио Лабудовиќ, кој многумина го почитуваат заради неговите искрени совети и народни рецепти за лекување на многу болести на својот јутјуб канал сподели рецепт за чај кој многу помага при болки во коски и зглобови. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 мл вода
1 мала лажичка црн чај (рефус)
1-2 ловорови листови
1 лажичка куркума во прав
200 мл млеко
ПОСТАПКА:
Во топлата вода сипете ги сите состојки освен млекото, па оставете да врие на ниска температура 5-6 минути. Потоа додајте го млекото и гответе уште 3-4 минути. Наместо куркума можете да ставите ѓумбир во прав. После 10 минути процедете.
Течноста поделете ја 3 порции, еднакво распоредени во текот на денот. По желба засладете со малку мед. Д-р Марио можете да го погледнете ОВДЕ.