Постојат растенија кои многу добро растат и се развиваат кога се едни и покрај други, па дури и со помагаат во одбивање на штетниците, но има и онакви кои воопшто не си одговараат кога се засадени во близина.
Затоа, овие билки е добро да се засејуваат на што поголема раздалеченост. Ако изминативе години сте немале добар принос или зеленчукот не ви се развивал во очекуваниот правец, одговорот за тоа можеби лежи токму во овој проблем.
Имено, во контактот помеѓу билките, габите или микроорганизмите, доаѓа до ослободување на некои одредени хемиски соединенија кои го успоруваат или целосно го спречуваат развојот на билката. Во продолжение прочитајте за кои билки најчесто станува збор, па доколку токму нив сте планирале да ги садите и оваа година, тогаш не ги садете заедно:
1.КРОМИД И ГРАШОК. Сите видови кромид, особено празот, го спречуваат растот на грашокот. А особено е кобно за грашокот доколку го засадите покрај лук. Повеќе му одговараат коренските растенија, особено цвеклото, но и магдоносот, како и краставиците.
2.КОМПИРИ И ДОМАТИ. Бидејќи компирот и доматот припаѓаат на исто семејство, тие се подеднакво загрозени од исти штетници и болести. Ако ги засадите заедно, ќе дојде до размена на штетниците и други болести. Ова правило важи и за пиперките и модриот патлиџан, кои исто така не смеат да се садат со компири и домати.
3.ПИПЕРКИ И ГРАВ. Овие култури често стануваат жpтви на антракоза – габична болест која предизвикува формирање на црни точки, улцерација на стеблата и лисјата на растенијата или оштетување на површината, како и губење на плодовите.
Често ги погодува тиквите, дињите, лубениците, бобинките – малини, рибизли, јагоди. Овие растенија исто така не треба да се садат со пиперки, грашок и грав, советуваат градинарите.
4.МОРКОВ И МИРУДИЈА/КОПАР. Градинарите советуваат да се одвојат и овие растенија, бидејќи се успорува растот на корењата. Имено, растот на морковот го забавуваат анасонот и магдоносот. Но затоа грашокот, спанаќот и кромидот поволно делуваат на созревањето на коренестиот зеленчук.
5.ЗЕЛКА И ГРОЗЈЕ. Градинарите советуваат и зелката да се сади подалеку од лозата, бидејќи нејзината близина го влошува вкусот на грозјето. Добар избор за соседи на лозата се рози, босилек, здравец и оригано.
Тие ги одбиваат штетниците со својот силен мирис. Може да се сади и грашок, грав, детелина и капини. Од друга страна, зелката сака да се дружи со некои зачински билки како што се: копар, нане, камилица, рузмарин, жалфија и мајчина душица.
6.ЗЕЛЕНА САЛАТА И БРОКОЛА. Марулата слабо расте кога е блиску до овој зеленчук, но и ако е засадена на земја каде што претходно се одгледувала брокула. Зеленчук кој го фаворизира растот на зелената салата се различни видови кромид, краставици, ротквици, јагоди, невен, цвекло.
7.РЕН И РЕПА. Пожелно е да се одделат овие две растенија. На ренот му одговараат брокулата, карфиолот, зелената салата, аспарагусот и кромидот, па овие комбинации се препорачуваат за одгледувачите на зеленчук.