Ова е најдобриот тренинг, особено за жеби над 40 години.
Кога влегуваме во зрели години на нашето тело не му одговараат повеќе тешки и интензивни тренинзи како претходно. Доколку забележите дека полесно и побрзо се заморувате, не грижете се, тоа е сосем нормално, си доаѓа со годините.
Но, тоа не значи дека треба да се откажете од физичката активност. Напротив, после 40-тите физичката активност е задолжителна, но таа треба да биде умерена. Заборавете на интензивните кардио вежби, зошто при одредени здравствени состојби тие можа да наштетат. Изведувајте само умерени вежби.
За вас пронајдовме вежби кои се лесни, но еднакво ефикасни. Доколку ги практикувате 5 дена седмично, веќе за еден месец ќе забележите дека вашите мускули се позатегнати, а целото тело ви изгледа многу подобро и повитко, но и дека држењето ви е многу подобронео.
Тренингот се состои од 8 вежби помеѓу кои се прави пауза од 20 секунди. Се започнува со вежби за раце, потоа вежби за стомак, а на крај тренингот се завршува со вежби за јакнење на задникот и нозете.
Овој тренинг е забавен, па сигурно нема да ви биде тешко да го изведувате секој ден. Кога ќе стекнете кондиција, би можеле и двапати да го применивате во текот на денот, зошто да не.
Покрај физичката активност, нутриционистите советуваат да се води сметка и за исхраната. Доколку сакате подобри резултати, од исхраната исфрлете ја масната храна, газираните пијалици и ограничете го внесот на слатки.
Видеото со тренингот можете да го погледнете ОВДЕ.