Според Светската здравствена организација, ракот на простатата е една од најчестите причини за смрт кај мажите.
За жал, во повеќето случаи, симптомите за рак на простата се појавуваат само на почетокот од развојот на болеста.
Симптомите за рак на простата се различни кај секој човек, па никогаш не се исклучува можноста дека некои од овие симптоми можат да бидат предизвикани од страна на други болести.
Исклучително е важно, особено мажите над 50 годишна возраст,
редовно да посетуваат уролог, кој ќе им направи ректален и преглед со ехо, како и да направат тумор маркери.
Доколку припаѓате на онаа група луѓе кои не се педантни кон своето здравје, загрижете се доколку имате приметите некои од ОВИЕ симптоми.
12 знаци кои можат да укажуваат на рак на простата:
1. Чест нагон за мокрење, особено во текот на вечерта
2. Потешкотии при мокрењето, во стоечка положба. Исто така и потешкотии на почеток и на крајот од мокрењето.
3. Намален проток на урината и промена на бојата на урината.
4. Печење во текот на мокрењето.
5. Непријатно чувство на почетокот на процесот на мокрење.
6. Болка или вкочанетост во колковите, бутовите, нозете и / или долниот дел на грбот.
7. Коскена болка која може да води до фрактури.
8. Непријатност и оток во нозете или пределот на карлицата.
9. Проблеми со ејакулација – Болна ејакулација.
10. Импотенција – еректилната дисфункција!
11. Крв во урината (хематурија).
12. Крв во спермата (Hematospermia).
Запомнете дека мора да го посетите вашиот лекар, ако почувствувате некој од овие знаци и симптоми!
Извор на фото: Шутерсток