Кога размислувате за хормонално здравје, што прво ви паѓа на ум? На таблети? Не би требало, бидејќи постојат ефикасни природни средства.

Последниве години темата за хормонско здравје станува се поактуелна. Доаѓаат на ред скапи лекови и бескрајни консултации со гинекологот. Обидете се да ја спречите потребата за лекови кои ги регулираат хормонските промени, а до кои доаѓа со текот на времето.

Ова се три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните

ТОПЛА ВОДА СО ЛИМОН

Топлата вода со лимон придонесува за намалување на тежината, елиминира токсини од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето. Причина за тоа е што лимонот влијае врз хормонот за ситост – лептинот. Доколку лептинот не е во рамнотежа, телото започнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се одбегне дехидратацијата и го подобрува варењето.

*РЕЦЕПТОТ е многу едноставен: исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте одеднаш. Утрото ќе ви започне подобро со овој напиток.

ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД МАЛИНА

Листот од малина многу одамна се користел за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдија дека оваа билка благотворно делува врз работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај во текот на бременоста, немаат потешкотии при пораѓај.

*РЕЦЕПТОТ е исто така едноставен: прелијте една супена лажица лист од малина (може да се користат и суви листови) со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Ово чај не го пијте пред спиење, туку преку ден.

ЗЛАТНО МЛЕКО

Златното млеко го подобрува имунитетот и доведува до урамнотежување на хормоните. Овој напиток загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач, комбинација која помага за регулирање на хормоните и која благотворно делува врз организмот.

Ајурведата ја смета куркумата за активен зачин, кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот.

РЕЦЕПТ: Во 200 мл врело млеко додадете половина мала лажичка куркума и лажичка кокосово масло. Можете да додадете и мед, по вкус. Овој напиток е најдобро да се пие навечер.

Генерална препорака:

Утрото започнете го со топла лимонада, преку ден пијте чај од лист од малина, а пред спиење уживајте во топлото златно млеко.