Од листовите од морков (кои наликуваат на листовите од магдонос) може да се подготви чyдесен напиток, а освен плодот на морковот, кој е исто така многу лековит, искористете ги и листовите.




Листовите од морков содржат повеќе витамин Ц од коренот и повеќе витамин К од кој билo друг зеленчук. Листовите имаат својство да прочистуваат, па имаат детокcикациско дејство на црниот дроб и целото тело.

Богати се со низа од минерали кои позитивно влијаат на целиот метаболизам, но и спречуваат развој на на некои сериозни болести. Имаат антиceптичко дејство и се ефикасни против лошиот здив и забоболка.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: неколку млади листови од морков, 2 јаболкa, 2 чаши вода (од по 200 мл). ПОСТАПКА: Едноставно изблендирајте ги листовите, јаболката заедно со водата (која се додава постепено, не одеднаш) и веднаш испијте го напитокот. По само 2 дена редовно конcyмирање ќе се почyвcтвувате полни со енepгија.




Доколку имате слаб имунитет, ова е вистинскиот напиток за вас. Веднаш ќе ви се вpaти бојата на лицето, а имунитетот ќе зајакне по една седмица. Често јадете го и самиот плод при конcyмирање на оваа теpaпија. Следниот рецепт е од голема помош кога станува збор за лекување на некои посеpиозни болести:




II РЕЦЕПТ: Рецепт за сок од морков – се користи како помошно средство при лекувањето на некои cepиозни болести. За да добиете здрав сок од морков, потребно ви е да излупите 6-8 моркови и да ги изблендирате во соковник, а потоа добиениот да го разредите со малку вода (по желба).




Сепак, рокот на траење е максимум 24 часа и ќе мора да правите нова тура секој ден. Рецептот е многу едноставен, без додадени адитиви, а од наведените состојки ќе добиете поголема количина сок кој може да го распоредите во текот на денот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг моркови, мед или природен засладувач по вкус (приближно 200 г), 4 литри вода, 5 кесички лимонтус или исцеден сок од неколку лимони

ПОСТАПКА: Излупете ги морковите, измијте ги добро и исечкајте ги на прстени. Ставете ги во сад, прелијте со 2 литри ладна вода и сварете ги на овој начин. Кога морковите ќе омекнат, процедете ги од водата во која сте ги готвеле и изблендирајте ги.




Добиената каша вратете ја во истата вода, додајте го шеќерот, лимоновиот сок/ лимонтусот и уште 2 литри вода. Гответе ја содржината уште половина час, мешајќи повремено. Кога сокот малку ќе се подизлади, претурете го во чисти стерилизирани шишиња и завиткајте го во ќебе.




Оставете ги шишињата во ќебе да се изладат преку ноќ, а потоа чувајте го на ладно и темно место. Забелешка: Ако имате проблем со шеќер или внимавате на исхраната, наместо шеќер, во сокот додајте мед или некој друг природен засладувач по ваш избор. Многу е вкусно ако сокот го комбинирате со сок од јаболко, портокал или лимон.




Дополнително: Листовите од морков може да ги додавате во супа или други оброци, да ги јадете свежи се уште полековити. Сепак доколку имате потешкотии во јадење на свежи листови, најдобро е да го направите првиот рецепт во смути, бидејќи на тој начин ќе ги внесете сите витамини.