Рецепти за крофни има безброј, но секогаш на површината испливуваат оние најдобрите. Овој рецепт беше најсподелуваниот и поради својата необична мекост на многумина им стана омилен.

Потребни состојки: 40 г свеж квасец (1 коцка), 550 г брашно, 250 мл млеко, 5 жолчки, 100 г шеќер, 1 прстофат сол (на врв од лажичка), 1 ванилин шеќер, 100 г путер, 1 лажица рум, 1 лимон – рендана кора, 700 мл масло. За наросување: шеќер во прав со ванилин шеќер. За полнење: приближно 100 г фил по желба

Постапка: 1.Од коцка квасец, половина лажица бражно, 1 лажица шеќер (се одвојува од оние 100 г) и 150 мл млако млеко (се одвојува од оние 250 мл), измешајте смеса без грутчиња и оставете на топло 10-тина минути за да се активира квасецот.

2.Во меѓувреме, во подлабок сад ставете ги жолчките, шеќерот, сол, преостанатото млеко (100 мл), рум, лимонова кора и ванилин шеќер, па добро иматете со жица за матење. Ставете на оган колку да се загрее, да биде топло, но не врело.

3.Во брашното додадете го стасаниот квасец, затоплената смеса од јајца и растопениот путер (никако врел, сè треба да биде млако). Убаво промешајте. 4.Матете со миксер со продолжетоци за тесто, се додека тестото да започне да се одвојува од ѕидовите на садот. Ако го месите на рака, месете додека да стане еластично. Формирајте топка.

5.Тестото веднаш развлечете го, без да го оставате да стасува. Кората нека биде 1-1,5 см дебелина. Сечете кругови со чаша или модла за крофни. 6.Сечените теста редете ги на малку набрашнета работна површина и прекријте ги со топла крпа. Оставете ги да стасуваат 30-40 минути. Просторијата во која ќе стасуваат треба да биде топла и без провев.

7.Загрејте го маслото на најсилна температура, а потоа намалете ја на помалку од половина. Почекајте 1-2 минути, па започнете со пржење на крофните. Кај мене беше 10 на почетокот, а ги пржев на број 4. Внимавајте во текот на пржењето крофните да не се допираат.

8.Овие крофни се пржат онака како што сме ги ределе на работната површина, значи нема вртење прво па во масло и не се става капак додека се пржат.

Штом од едната страна добијат убава боја, се вртат и на другата страна, па кога се готови се вадат на хартиена салветка. Кога сите се пржени, се полнат со шприц со џем, крем, ванилин крем, нутела или по желба. Одозгора наросете ги со мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.

9.Во оригиналниот рецепт пишуваше 8 жолчки, но јас намалив на 5 и супер се. Мене ми излегоа точно 20 крофни, но тоа зависи од величината на чашата или модлата. Мојата модла е со широчина од 8 см.

Coolinarika.com