Овие колачи ги правам додека сварам кафе…Гостите секогаш се восхитени од нивната нежност и вкус…Се топат во уста…
Многу се вкусни! Нежни колачи со крем од урда (крем сирење)! Откако ќе ги пробате, ќе се заљубите во овие колачиња!
Многу се едноставни и лесни за подготовка! Еве кои состојки ви се потребни за 6 големи парчиња:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Тесто:
1 јајце
40 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 прстофат сол
25 мл масло
Сѐ измешајте со жица додека да се раствори шеќерот, па додајте:
150 г брашно
Замесете компактно тесто и оставете го настрана.
Крем:
250 г урда/рикота/крем сирење
1 јајце
50 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
Измешајте сѐ со виљушка додека добиете кремаста смеса.
ПОСТАПКА:
Од тестото направете валјак и поделете го на 6 еднакви дела. На набрашнета површина обликувајте топчиња, а потоа сплескајте ги со прстите и развлечете ги со оклагија во тенка кора.
Калапите за куглоф намастете ги со омекнат путер и посипете ги со брашно. Корите ставете ги во калапите такашто со краевите да излегуваат надвор. Ставете по 1/6 од филот, па од корите направете набори.
Одозгора покријте ги со хартија и ставете да се печат во загреана рерна на 180°, 30-35 минути. Одозгора посипете ги со шеќер во прав. Деталната постапка погледнете ја во видеото ОВДЕ: