Ќофтињата од тиквички вообичаено се подготвуваат на следниов начин: се ренда тиквичката, се исцедува од вишокот сок, па се замесува тесто со додавање на брашно, јајце и некои зачини.

Потоа се пржат во масло и можете да погодете: впиваам доста масло.

Па, доколку сте на диета како мене или се обидувате да ги доведете во ред килограмите, тогаш не помислувате на ќофтињата од тиквички кои инаку се многу вкусни.

Но, кога подобро ќе размислам, па каде е напишано дека кофтињата не треба да бидат диетални?

Ако се сака, секогаш може да се јаде нешто вкусно, а сепак тоа да биде диетално, само се разбира, да не се претерува во количините.

Овие ќофтиња од тиквички приготвени според диеталниот рецепт, верувајте дека толку многу се повкусни од вообичаените, па можам да кажам дури и многу повкусни.

Самата тиквичка е многу вкусна и миже да се јаде сирова како салата, но и подготвена во најразлични јадења.

На ќофтињата им даваат сочност, а за да се збогати нивната арома, може да се додадат разновидни билки и зеленчук, а брашното ќе го замениме со урда.

Свежите зачински билки божете да ги одберете според ваш вкус, а може да содржат копар, магдонос, власец и уште куп други зачини.

Совет: сосем малку посолете ги тиквичките и оставете ги 5 минути за да се отстрани вишокот сок, потоа исцедете ги со стискање меѓу раце пред да го започнете приготвувањето.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г урда, 300 г тиквички, 1 јајце, половина лажиче сол, 4-5 лажички пченично брашно или по потреба, копар и магдонос по вкус, 2-3 лажици сончогледово масло.

ПОСТАПКА: во подлабок сад изматете ја урдата со јајцето и посолете по вкус. Додајте ги претходно изренданите тиквички (отстојани и исцедени од сокот), па додајте ги и исечканите зачини.

Потоа додајте го брашното и добро промешајте за да се изедначат состојките. Од добиената смеса формирајте околу 14-15 топчиња. Топчињата можете да ги пржите или да ги печете во рерна, наредени врз хартија малку намастена.

Ако се одлучите за пржење, загрејте во тавата малку масло, па пржете ги по 2-3 минути од двете страни додека убаво да заруменат и ставете ги врз хартиена салфетка (не се пржат во длабоко масло).

Доколку се одлучите за рерна, тогаш печете ги на 200 степени (брз секое ќофте капнете малку масло одозгора) додека да заруменат. Пробајте еднаш да ги направите на двата начина, па одлучете кој повеќе ви одговара.

Ќофтињата на овој начин се многу вкусни, сочни и меки како сунѓер. Нема да се paзочарате, особено сите оние кои внимаваат на својата линиja. Овие ќофтиња содржат многу малку калории, па дури и доколку ги пржите во маслото, бидејќи не впиваат многу маснотии.

Можете да ги јадите како целосен оброк со прилог од зеленчук или кисело млеко и младо сирење, да ви бидат закуска помеѓу оброците, но можете да ги послужите и како појадок или вечера. Cладете се во вкусот!