Овој рецепт се чува како најголемо богатство. Оревите се јатки што често ги среќаваме во нашиот регион. Овие јаткасти плодови обезбедуваат макронутриенти, како витамини, минерали, па и растителни влакна.
Оревите се богат извор на антиоксиданси. Докажано е дека оревите имаат највисоко антиоксидативно дејство помеѓу сите јаткасти плодови. Ваквата активност, генерално се должи на витаминот Е, мелатонинот и растителните компоненти наречени полифеноли. Полифенолите се наоѓаат во кожичката со која е прекриен јаткастиот плод.
Богати се со растителни извори на омега – 3 – масни киселини. Оревите имаат значително поголемо количество на омега – 3 – масни киселини од сите други јатки. Околу 10 г на 100 г ореви. Омега -3 – масните киселини се есенцијални масни киселини, а преку оревите може да се обезбеди дневната потреба од нив.
Оревите може да ги намалат воспалителните процеси и да помогнат во одржување на корисната цревна микрофлора. Воспалителните процеси во организмот може да бидат резултат на оксидативниот с трес.
Тие се коренот на повеќе заболувања, вклучувајќи ги тука: срцевите и кардиоваскуларните заболувања, дијабетес тип 2, Алцхајмер и рак. Полифенолните соединенија кои се содржат во оревите можат да помогнат во бор.бата со оксидативниот с трес и воспаленијата.
Омега – 3 – масните киселини, магнезиумот и амино киселините како аргинин, кои се дел од составот на оревите, помагаат исто така во превенција и намалување на инфламаторните процеси.
Оревите помагаат во намалување на некои типови на рак. Уролитините имаат форма налик на хормони, па можат да блокираат некои хормонски рецептори во организмот. Ова може да помогне за намалување на ризикот од канцери кои имаат поврзаност со хормоните, особено ракот на дој-ка и простата.
Оревите можат да помогнат во справувањето со дијабетес тип 2 и да го намалат ризикот за добивање на ова заболување.
Овозможуваат здраво стареење. Иако оревите имаат висока калориска вредност, тие се богат извор на есенцијални соединенија како што се: витамините, минералите, растителните влакна, омега – 3 – масните киселини и други растителни компоненти кои стануваат сè понеопходни како што старееме.
Оревите помагаат во контролирање на мастите во кр-вта. Покаченото ниво на триглицеридите и ЛДЛ или „лошиот“ холестерол, се поврзуваат со зголемениот ризик од срцеви заболувања. Редовното кон.сумирање на ореви се покажало како успешно во намалувањето на нивото на холестерол. На овој начин, оревите можат да бидат од помош и за намалување на кр-вниот притисок.
Обликот на оревите кој потсетува на човечкиот мозок, можеби и не е случаен. Преку своето антивоспалително дејство, оревите можат да ги намалат оксидативните оште.тувања на мозокот, со што може да го намалат ризикот од некои заболувања.
Во комбинација со мед оревот е исклучително добар за штитната жлезда, а на организмот му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, белковини, масти, јаглениходрати.
Ефикасен е и кај ис-црпеност и слабокр-вност. Се приготвува на следниот начин: 500 г ливадски мед се меша со 500 г мелени ореви и еден лимон. Вака приготвен се кон-сумира три до четири часа по една лажичка, до опоравување.
Оревот е благородно дрво чиј плод долго време се користел за чистење на телото и многу други физички заболувања. Оревот може да порасне до 40 метри во висина, а дрвото може да биде широко до еден метар. Плодот е голем, но месестата плодна обвивка не е за јадење.
Содржи танин и кинон, кои се природни хемикалии кои ги у биваат паразитите. Тинктурата на црн орев содржи јод и минерали и витамин Ц. Тинктурата од орев помага при следниве состојби: внатрешни паразити, габични инфекции, ра-ни и херпес, акни, егзема, хемороиди, астма, дијареа, настинки и болести на респираторниот систем. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска