Истражувачот на Истокот и источната култура, Влачеслав Рузов особено ги анализирал искуствата на индиските мудреци. Тој говори за тоа што го научил од нив. Имено, открива кои детали од нашиот живот треба да се чуваат како тајна и да не откриваат во јавност.

Овој свет иско се заснова на вистина, сепак бара избалансираност, па затоа мудреците не предупредуваат на тоа дека постојат некои работи кои е подобро да се држат во тајност.

На пример, тие сметаат дека не треба предвреме да се разгласуваат некои работи и дека се’ си има свое време.

Постои време на целосна отвореност, а постои и време на тајновитост. Еден културен човек знае како треба да се однесува во една или во друга ситација.

Со еден збор, тајната – не е лага, тоа е само еден вид од аспектите на културно однесување.

ПРВО

Прво што не треба да ширите – тоа се вашите долгорочни планови. Молчете до моментот кога тие планови ќе се исполнат. Било кои наши идеи не само што не се идеални, туку во нив постојат и многу слаби точки, по кои ако се удри – може се’ да биде уништено.

ВТОРО

Второ, не треба да се раскажува за своето добро дело. Доброто дело е реткост во овој свет, затоа треба да се чува како зеницата во окото. Не се величајте себеси поради добрите дела. Таквиот став може да ве возгордее, а тоа не е добра особина.

ТРЕТО

Како трето, не треба да се изнесува во јавност својот аскетизам. Не треба насекаде да се говори за своите ограничувања во исхраната, спиењето, сексуалните односи и така натаму. Физичката аскеза носи корист само ако е во склад со емоционалната компонента.

ЧЕТВРТО

Четврто за што треба да се молчи – тоа е за својата храброст, јунаштво. Да, тоа е големо дело, но тоа ни е дадено како тест и испит. Сите се соочуваме со разни животни испити, секојдневно.

Некому се даваат вистиснки искушенија, некои внатрешни. Надворешните искушенија се гледаат, затоа за нив луѓето добиваат награди, а совладувањето на внатрешните искушенија никој не ги забележува, па затоа за нив никакви награди не се добиваат.

Поради тоа, мудреците им советуваат на хероите со надворешни победи да ја искажат својата почит кон хероите со внатрешна борба и да се фалат со своите достигнувања.

ПЕТТО

Петта работа која не треба да се шири – тоа е за свбојата духовна просветленост. Таа е само твоја и никому не треба да му се посветува. Откријте ја само во случај кога тоа е навистина неопходно.

ШЕСТО

Шесто е она што особено не треба да се шири во јавноста, се вашите домашни расправии и фамилијарниот живот.

Запамтете: колку помалку говорите за проблемите со својата фамилија, толку таа ќе биде посилна и постабилна. Кавгата е ослободување на негативната енергија која се акумулирала во процесот на комуникација.

Колку повеќе говорите за своите проблеми, толку повеќе верувате во нив.

СЕДМО

Седмо за што не треба да се говори – тоа е за грдите зборови кои сте ги слушнале од некого. На улица може да се извалкаат чевлите, а може и умот.

Човекот, кој кога ќе се врати дома, говори за се’ глупаво што слушнал на улица, не се разликува многу од човекот кој дошол дома и не ги собул калливите чевли.