За блескава насмевка не е важна само хигиената. Потребно е многу повеќе, а реномираните стоматолози за порталот „ Readers Digest“ открива кои намирници треба да ги одбегнувате.

ПУКАНКИ

Најголем број луѓе кои доаѓаат во ординација со скршени заби велат дека тоа им се случило додека јаделе пуканки – објаснува Џонатан Неман.

СУВО ОВОШЈЕ

Ова е ужасна намирница за вашите заби. Без разлика кое овошје најмногу го преферирате, тоа е преполно со шеќер кој се лепи за забите.

-Станува збор за концентриран шеќер кој е толку леплив што најчесто создава кариес на умниците и задните заби во вилицата- вели д-р Неман.

ТОПЛА ВОДА СО ЛИМОН

Ако и вие го следите популарниот тренд со кој утрото започнува со чаша топла вода и лимон, треба да знаете дека лимонот и агрумите воопшто, поради киселоста ја уништуваат забната глеѓ.

Имено, киселината од јужното овошје им штети на забите исто како и шеќерот.