Целото наше тело, а посебно нашиот цревниот тракт, е во голема мера под влијание на нашите навики во исхраната и квалитетот на храната што ја консумираме.

Токсичните материи од храната која може да предизвика различни екстремни здравствени состојби, како што се ослабен имунолошкиот систем, ниска енергија, дијареа, запек, и други различни проблеми со дефекација.

Сите овие проблеми може да се избегнат или да се решат со редовно чистење на дебелото црево, а со тоа, исто така, да се постигне и губење на вишокот килограми и подобрување на целокупното здравје.

Нутриционистите препорачуваат вакво чистење пред било која програма за слабеење.

Постојат две исклучително ефикасни состојки кои помагаат во чистењето на дебелото црево и подобрување на општата здравствена состојба.

Тоа се кефир и ленено семе – моќна комбинација која треба да се измеша во правилен однос за ефикасно да го детоксифицира системот.

Количината на оваа комбинација треба постепено да се зголемува бидејќи ферментираната храна значително влијае врз варењето на храната.

Кефирирот е богат со аминокиселини, Б-витамини, минерали и протеини, кои имаат поволно влијание врз цревата.

Оваа комбинација ќе изврши детоксификација на интестиналниот тракт и ќе овозможи рамнотежа на добрите бактерии, поради силните пробиотични структури на здравиот квасец.

Лененото семе изобилува со еден вид на омега-3 масни киселини познати како алфа-линоленска киселина, која го елиминира отпадот.

Потребно е да го натопите семето пред употреба и да го сомелете во мелница за кафе, за полесно да апсорбира.

Оваа смеса треба да се консумира најмалку 2-3 пати дневно, во текот на 15 дена, за да може имунолошкиот систем да ја врати својата оптимална способност.

РЕЦЕПТ:

На 1/3 или ¼ чаша кефир додадете една лажица мелено ленено семе. Испијте го рано наутро веднаш штом ќе се пробудите, а истата количина консумирајте ја и навечер, пред спиење.

Не заборавајте да пиете многу вода во текот на третманот, најмалку 8 чаши на ден.

По 15 дена, треба да се направи 2-дневна пауза, а потоа можете да ја повторите постапката.