Бразилски ореви. Бразилските ореви се многу хранливи бидејќи во својот состав содржат многу витамини, најмногу Е и Б, минерали, а содржат и некои состојки кои можат да бидат штет.ни доколку ги јадете во преголеми количини. Затоа експертите препорачуваат да се јадат 2 – 4 јатки дневно.
Во нив се содржи маст, пред сè. Бразилскиот орев содржи мононезаситени масни киселини и полинезаситени масни киселини, омега – 6 – масни киселини, како и други заситени киселини.
Бразилскиот орев содржи калциум, фосфор, калиум, магнезиум, цинк, железо и селен, па според тоа се добри за кожата, а оревот има и антивирусно и антиканцерогено дејство.
Селенот е состојка која може да се најде во мал број на намирници, па според тоа бразилскиот орев е драгоцен јаткаст плод. Во својот состав содржи природни влакна, кои добро влијаат на здравјето на целиот организам.
Поради содржината на споменатите состојки, бразилскиот орев го зајакнува имунитетот и добро влијае на кардиоваскуларниот систем.
Ленено семе. Лененото семе има големо антиканцерогено дејство, штити од срцеви болести, мозочен y дap и тромбоза, го намалува холестеролот и високиот притисок.
Ја подобрува цревната флора. Се препорачува за луѓе кои стра.даат од артритис, запек и тврда столица и кои имаат проблеми со силни желудочни киселини. Помага во ослободување на гасовите и е извонреден лаксатив бидејќи ги елиминира ток.сините.
Освен тоа, меленото ленено семе е одлично за намалување на телесната тежина бидејќи спречува задржување на вода во организмот, го забрзува метаболизмот и топењето на мастите. Благодарение на високиот процент на диететски влакна, лененото семе го продолжува времетраењето на ситоста.
Штити од рак и инфаркт. Лененото семе ја разредува кр-вта, спречува нејзино згрутчување, формирање на камен во бубрег и жолчка. Клиничките испитувања и искуства покажале дека редовното кон-сумирање на ленено семе превенира од појава на рак на дој.ка, простата, бели дробови, дебело црево, го намалува холестеролот и го зајакнува срцевиот мускул.
Задржувањето на вода во организмот е секогаш последица на некое заболување, како дебелина и воспаление на зглобовите. Редовното користење на ленено семе им помага на бубрезите да ги излачат течностите и натриумот.
Лененото семе е еден од најголемите извори на природен лигнин и незаситени масни киселини, омега – 3, 6 и 9 – масни киселини, а содржи 27 различни антиканцерогени својства.
Ладното цедено масло од ленено семе е едно од најблаготворните намирници. Оние кои имаат рак, се советува често да го користат ова масло во исхраната. Лененото масло содржи есенцијални масла и хранливи материи кои му се постојано потребни на организмот за да ја одржува својата отпорност. Ова масло ја враќа снагата, виталноста и ги ублажува алергиите.
Едноставно секојдневно додавајте го лененото семе во исхраната, за појадок, ручек или вечера, а помеѓу оброците заситете се со 3 – 4 бразилски оревчиња. Мелените бразилски оревчиња во ленено семе се одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданси.
Но, треба да бидете претпазливи при внесување на оваа комбинација. Големото количество на внес на селен може да предизвика интеракција со некои лекови и да му наште.ти на вашиот организам. Потребно е да ја балансирате количината на овие две состојки за да ги почувствувате благодетите од нив. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска