Се викам Ивана. Боледувам од артритис и постојано се соочував со болки во зглобовите, понекогаш толку силни, што не можев да станам од кревет неколку денови.
Најстрашно од сè е што не знаеш кога ќе те “фати” болката. Веројатно зависи од климатските услови, еве не знам.
Како за “беља”, во месец август, минатата година, само што пристигнавме во Дубровник на одмор, веќе следниот ден ми се јави болката. Си реков во себе ГОТОВО. Мојот одмор е уништен.
Мојот сопруг ја праша газдарицата на куќата каде што бевме сместени каде има аптека во близина, за да ми купи некој аналгетик. На прашањето на газдарицата што се случува, тој и објасни. Таа само се насмевна и му рече: “Ајде со мене”!
Сопругот ми објасни дека го однела 3 куќи подолу, кај една постара жена, тетка Блашка. И објасниле што е проблемот и таа им дала шише со некаква течност со препорака во текот на денот да испијам 3 чаши од лекот и да се мачкам на болните места.
Следниот ден се разбудив и не можев да поверувам. Болките беа толку многу намалени, а веќе следниот ден ги снема велосно. Со радост му го соопштив тоа на мојот сопруг и го замолив да ме однесе кај тетка Блашка. Купив кафе, слатки и појдовме.
Од срце и се заблагодарив на тетка Блашка, и објаснив дека ние сме туристи од Македонија и ја замолив да ми го каже рецептот, кој подолу ќе го споделам со вас.
Ми рече дека обично своите рецепти не ги кажува, но ете ќе направи исклучок.
Еве го рецептот:
Потребни состојки:
1 модар патлиџан со средна големина
1 литар вода
Измијте го доматот, исечете го на тркалца и ставете го во провриена вода. Изгаснете го шпоретот и оставете го модриот патлиџан внатре дури водата да се излади, а потоа 750 милилитри од течноста, ставете во фрижидер.
Оваа тинктура ќе биде за внатрешна употреба, за пиење.
За надворешна употреба, за мачкање, потребно е да го направите следното:
На 250 милилитри кои ги одвоивте претходно, додадете 50 милилитри маслиново масло. И ова ставете го во фрижидер.
Се користи на следниот начин:
– 250 милилитри се пие наутро и се мачка болното место.
– 250 милилитри се пие и се мачка пред ручек и исто така,
– 250 мл се пие и се мачка пред вечера.
После десеттина дена од користењето на овој природен лек, би требало да исчезне не само болката, туку и причината!