Итно ви е потребна витаминска бомба за да се заштитите од болестите?

Ова е еден рецепт кој ќе ви овозможи брзо да приготвите многу здрав напиток, кој сите треба да го консумираат..

Потребни состојки:

2 моркови со средна величина
100 г лист од целер или половина гранче
1 лимон – сок
1 портокал сок
1 јаболко
1 банана
1 лажичка мед
1 лажичка рендан ѓумбир
чаша вода

ПОСТАПКА:

Измијте го овошјето, исечете го и ставете го во блендер. Добро измиксајте. Додадете ја водата, медот и ѓумбирот. Потоа дополнително уште малку измиксајте.

Употреба:

Пијте секое утро на гладно во период од најмалку 10 дена.

Витаминска бомба

На здравје!