Оваа торта со 2 јајца и суво грозје ќе ја направите за 5 минути…Едноставно и вкусно, колач за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
100 г шеќер
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
80 мл масло
125 г цврст јогурт од ванила
60 мл млеко
180 г брашно
12 г прашок за печиво
суво грозје
џем и кокосово брашно

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со шеќер, сол и ванила, па додајте ги маслото, јогуртот и млекото. Изедначете, па додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво. Измешајте да нема грутчиња и на крај додајте една рака суво грозје.

2.Смесата сипете ја во длабок калап за торти, претходно намастен со путер или маргарин, па ставете да се пече 35 минути во загреана рерна на 180 степени.

3.Печениот колач премачкјате со со џем и посипете го со кокос.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.