Оваа тинктура е за сите оние кои имаат проблем со проширени вени, тромбоза, слаба циркулација и хемороиди. Помогнала на многу луѓе, а рецептот и искуството прочитајте ги во продолжение..
„Пред околу две години, го носевме дедо ми во болница најмалку 2-3 пати седмично поради висок кр-вен притисок. Покрај тоа дедо ми имаше и тромбоза. Додека чекавме еден ден во чекалната, една жена му го даде овој рецепт и рече дека тоа е тинктура која служи за гореспоменатите проблеми.
Таа ни рече дека тинктурата е како домашен Вендоксин. Почнавме веднаш да го правиме лекот, а откако дедо ми го испи првиот литар, престанаа проблемите со високиот притисок.
Оттогаш, фала му на Бога, немаше проблеми со притисокот. Како што вели и тој, циркулацијата му е подобра. Тинктурата ја пие еднаш дневно наутро, бидејќи зема други лекови навечер“, споделено искуство од Боби.
Потребни состојки: 50 г сув лист од коприва, 50 г сува ивина трева, 50 г сув кантарион, 50 г сув невен, 1 литар лозова или некоја друга квалитетна ракија. Подготовката на лекот е многу едноставна.
Постапка: Измешајте ги сувите билки во сад. Најдобро е да ги ставите во поголема тегла, така што сè ќе се вклопи. Одозгора прелијте со ракијата, оставајќи 1-2 прста простор во теглата.
Потоа затворете со соодветен капак и оставете да отстои 30 дена. За ова време, билките ќе пуштат од лековитите својства во ракијата. По изминатото време, тинктурата се цеди преку газа, а билките треба добро да се истискаат за да излезе што повеќе лек од нив. Добиената течност прелијте ја во стаклено шише и чувајте ја на ладно и темно место.
Начин на конcyмирање: Пијте 1 лажица еднаш дневно, наутро, пред јадење или една лажичка 3 пати на ден пред јадење. Доколку пиете лекови за некои од наведените состојби, конcyлтирајте се со вашиот лекар пред употреба на тинктурата.
Прочитајте уште еден рецепт за затнати артерии, висок притисок и холестерол, природна смеса која ќе го регенерира целото тело. Потребни состојки: 1 кг лимон, 1 мала кесичка сода бикарбона, 5-6 китки магдонос, 12 шолји вода.
Постапка: Во ладна вода измијте го добро лимонот. Ставете топла вода во тенџере, додајте сода бикарбона и претходно измиениот лимон. Оставете да отстои еден час. Магдоносот убаво измијте го, исцедете го и исечете го ситно, па додајте го во водата.
Гответе 2-3 часа на многу тивок оган и по потреба додавајте вода. Внимавајте, смесата не смее силно да врие. Потоа процедете го напитокот и лимоните добро исцедете ги. Се чува во фрижидер. Употреба: По 4 лажици од овој напиток секое утро на празен желудник.