Оваа супа од компир е како лек за мојот стомак..Во овој рецепт ве водам на кулинарско патување каде заедно подготвуваме една од најпопуларните супи.
Оваа супа не е само затоплувачка и хранлива, туку е и неверојатно вкусна и разноврсна. Покрај нејзиниот фантастичен вкус, оваа супа нуди и еден тон хранливи материи.
Компирите се одличен извор на витамини и минерали, додека морковот е познат по своите антиоксидантни својства. Покрај тоа, кромидот и копарот имаат антиинфламаторни својства. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
маслиново масло
3 компири
1 морков
4 кисели краставички
750 мл (3 чаши) супа од зеленчук (булјон или растворени коцки за супа)
1 лажица копар
2 лажички сол
100 г кисела павлака (или веганска алтернатива)
100 мл супа од зеленчук (булјон)
1 лажица брашно
2-3 лажици сок од кисела краставичка (од теглата)
црн пипер по вкус
ПОСТАПКА:
Ситно сечканиот кромид прорпжете го на малку масло директно во тенџерето каде што ќе се вари супата. Додајте компири исечени на коцки и промешајте. Динстајте на умерено ниска температура, па додајте го ситно сечканиот морков.
Потоа додајте сечкани кисели краставички, промешајте и сипете го булјонот. Можете да растворите зеленчукови коцки за супа во обична вода, ако немате булјон. Зачинете со сол и копар.
Поклопете ја супата и оставете да крчка следните 15-тина минути или колку што е потребно за да омекне компирот. Потоа додајте ја павлаката и промешајте за да се раствори.
Во посебен сад промешајте една лажица брашно во 100 мл булјон и сипете во супата. Додајте 2-3 лажици од течноста во теглата со киселите краставички, па зачинете со црн пипер по вкус.
Оставете ја супата да се готви уште 5 минути на најниска темпераураи пред крајот додајте ситно сечкан копар. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.