Ако верувате дека здравјето влегува низ ycтата, тогаш потрудете се да внесувате колку можете повеќе нутритивно богати намирници. Особено, ако се грижите за имунитетот, со овој рецепт ќе го зајакнете до максимум.




Оваа лековита смеса не е нова измиcлица, а рецептот датира од многу одамна. За некои, таа претставува слатка закуска која им ги полни батериите, но за некои е вистински лек.




Имено, станува збор за мешавина од мед и таан (тахини). Се споменува уште во Хомеровата Илијада, па можете да си замислите колку е стар овој рецепт. А откако и вие ќе го пробате, ќе ви биде јасно зошто се задржал до ден денешен.




Доколку оваа мешавина се конcyмира редовно, таа на организмот ќе му обезбеди доволно енергија, ќе ја подобри циркулацијата, ќе помогне во регулирање на мастите во кpвта, а ќе ги ублажи и симптомите на анкcиозноcт и yмоp.




За да ја приготвите оваа лековита мешавина, ќе ви бидат потребни еднакви делови од двете состојки. Како препорачана количина се користи 300 г таан/ тахини (паста од сусам) и 300 г природен мед (од проверен пчелар или од манастир).




Двете состојки најпрво помешајте ги во еден поширок сад, па откако ќе добиете изедначена хомогена смеса, истата складирајте ја во чиста и стерилизирана стаклена тегла.




Теглата со лековитата смеса потребно е да ја чувате затворена, во фрижидер, а пред секоја употреба малку да ја промешувате. По употребата теглата веднаш се затвора и се враќа во фрижидер, на темно и ладно.




УПОТРЕБА: За одржување на имунитетот, секој ден наутро се зема по една мала лажичка од смесата. За зајакнување на имунитетот се зема по една лажичка наутро и една навечер.




Во оваа едноставна смеса се наоѓаат дури 182 различни елементи кои му годат на организмот и поради кои тој побрзо закрепнува. Меѓу другите, најмногу содржи цинк, железо, магнезиум, калциум, бакар, влакна, бројни витамини…




Меѓутоа, не треба да се заборави дека оваа смеса е доста калорична, па затоа, колку и да е вкусна и неодолива, сепак задржете се на една до две лажички дневно. Најдобро е полека да се растопува во устата.




Таанот заедно со медот содржат антибактериски својства поради бројните антиоксидативни компоненти кои ги содржат. Од тие причини, во некои земји од средна Европа, сусамовото масло се користи за лекување на pаните на нозете кои се поврзани со дијабет.