Иако вагината сама го врши природниот процес на чистење, 25% од жените и покрај предупредувањата на гинеколозите користат иригатор. А тоа двојно го зголемува ризикот од тумор на јајници.
И претходните студии за испирање на вагината со иригатор го доведуваат во врска со инфекциите и вонматеричната бременост. Но најновите американски истражувања на овие ризици го додаваат и туморот на јајници.
-И додека гинеколозите апелираат жените да не ја испираат вагината со иригатор, тие во тоа гледаат здравствена корист, како што е одржување на хигиената – вели Џоел Браун, епидемиолог, и додава дека е неопходно да се упатат жените тоа да не го прават.
Туморот на јајници е тивок убиец, жените обично пред откривање на болеста немаат никакви симптоми, па најчесто предоцна реагираат.
Анализите од списанието „Епидемиологија“ го следат повеќе од 41 000 жени од САД и Порторико од 2013 година. Испитаниците од 35 до 74 години со започнување на студијата биле здрави жени, а секоја од нив имала сестра на која и бил дијагностициран тумор на дојка. До јули 2014 година кај 154 испитаници бил констатиран тумор на јајник.
Било утврдено дека жените кои се испирале една година пред испитувањето го удвоиле ризикот од тумор на јајници. А врската помеѓу испирањето и туморот била дури и посилна кај жените кои немале тумор на дојка во семејната историја.
Дали имате воопшто потреба да ја испирате вагината?
Кларис Веинберг од Еколошкиот Здравствен Научен Институт во Јужна Каролина вели дека ниедна претходна студија не ја открила поврзаноста на испирањето со туморот на јајници.
Таа вели дека не може да наведе ниедна друга причина за употреба на иригатор, а ги има многу – против.
Вагината сама себе природно се чисти, а внесувањето на дополнителни хигиенски средства само ја нарушуват нејзината природна рамнотежа, па може да предизвика прекумерен раст на штетни бактерии, да создаде инфекција и да насели бактерии во матката, јајцеводите и јајниците.
Без оглед на тоа, четвртина од жените од 15 до 44 години се испираат.
Тоа придонесува за широк асортиман на препарати за хигиена на вагината, вклучително разни гелови кои ветуваат мирис на тропско овошје или колаче.
Жените ја испираат вагината мислејќи дека тоа е задолжителен дел од редовната хигиена, кога се приготвуваат за секс, кога се тушираат после секс, а сето тоа затоа што го слушнале од мајката или пријателките. Не знаат дека тоа може да им штети.