Многу лесна подготовка. Потребни состојки: 500 г готови кори за пита, 300 г сирење, 2 јајца, масло и сол. За прелив: 1 сув квасец, 1 прстофат шеќер, 1 лажичка сол, 3 јајца, 4 шолји (мали за кафе) млеко, 2 шолји масло и 3 шолји брашно. Постапката е многу лесна.
Постапка: За прелив ќе ви бидат потребни следните состојки: во сувиот квасец додадете малку топла вода, а потоа ставете шеќер и сол. Откако ќе се активира, додадете јајца, брашно, млеко и масло. Сето добро измешајте го да нема грутчиња. Ќе добиете густа смеса.
Фил од сирење: Сирењето изгмечете го и додадете го во изматените јајца, па посолете и измешајте. Постапка за корите: Ставете ја првата кора, премачкајте ја со преливот, потоа ставете втора кора, премачкајте, па трета кора, исто така премачкајте. Врз третата кора ставете фил од сирење.
Ивиците добро затворете ги за да не истекува сирењето и свиткајте како ролат. Избројте ги корите и добро поделете го сирењето за да ви стигне за сите ролати. Оставете ги ролатите да одморат околу 30-40 минути за убаво да го впијат преливот.
Тепсијата намастете ја и печете околу 40 минути на 200-220 степени или додека да зарумени. Зависи како ви пече рерната: ако за кратко време фати боја одозгора, спуштете ја решетката подолу и ставете хартија за печење одозгора, па допечете ја питата.