Овој рецепт го најдов во стариот готвач на баба ми, го пробав и веднаш ме освои. Питата е одлична и кога е ладна.
Пробајте ја, верувам дека и на вас ќе ви се допадне. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 500 г кори за пита, 3 јајца, 1 чаша јогурт, 1 чаша пченкарно брашно, 1 чаша масло, 1 прашок за печиво, 400 г сирење (свежо сирење, фета или по избор), сол и сусам по потреба
Постапка: изматете ги јајцата, додајте јогурт и пченкарно брашно. Посолете по вкус, додајте масло и прашок за печиво.
Добро соединете ги состојките – тоа е филот, па потоа отворете ги корите и одвојте четири листови-кори.
Првата кора премачкајте ја со масло, а останатите три мачкајте ги со фил и редете ги една преку друга.
Четвртата кора премачкајте ја со филот и ставете ситно сирење кое претходно сте го посолиле по вкус.
Свиткајте во ролат, а постапката повторувајте ја додека да се потроши материјалот.
Ролатите редете ги во намастен плех или во калап по ваш избор (како ролат во калап за леб), исечете ги на коцки, премачкајте со масло и одозгора посипете сусам.
Печете ја питата во преходно загреана рерна на 200 степени додека да добие златна боја, односно врметраењето прилагодете го според вашиот шпорет.
Сооlinarikа.сom