Главни состојки:
500 г кори за пита (потребни се околу 10 листови)
Фил:
500 г мелено месо
2 главици кромид
1 рака сечкан магдонос
Сол, црн пипер
100 мл масло
За прелив:
200 мл јогурт
200 мл минерална вода
4 јајца
малку сол
Постапка:
Исечканиот кромид пропржете го на масло. Додадете месо, посолете и зачинете по вкус. Пржете на силен оган околу 10-15 минути со повремено или постојано мешање.
Обилно наросете ситно сечкан магдонос.
Во намастениот плех ставете две кори и наросете со филот кој може да биде и врел, не мора да го чекате да излади. Вака редете понатаму. Потрошете го целиот материјал и питата исечете ја на коцки.
Прелијте ја одозгора со изматени јајца, јогурт и минерална вода.
Оставете околу 15 минути за да впие преливот.
Питата печете ја околу половина час во загреана рерна на 200 степени. Кога е печена реш, повторно исечете ја.