Оваа пита од тава е едноставно НЕВЕРОЈАТНА! Рецепт за многу вкусно јадење со кое правите „чистка“ на фрижидерот!Без брашно! Лесен рецепт со пилешко и карфиол!
Во овој рецепт користиме карфиол и пилешко месо, но можете да користите зеленчук каков имате (зелка, компир, морков…и месо или сувомеснато што во моментот ви се наоѓа во фрижидерот). Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
800 г карфиол (сипете 1 лажичка сол во 1,5 литри вода и бланширајте 2 минути во врела вода за да омекне)
600 г пилешко филе сварено
4 јајца
150 мл млеко
100 г рендан кашкавал (можете да користите било кој)
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче сув лук
0,5 лажиче куркума
20-30 г путер
свежи билки по вкус
сол, црн пипер по вкус
дијаметар на тава – 26 см
ПОСТАПКА:
Подварете го карфиолот кратко во врела вода колку малку да омекне. Свареното месо ситно исечкајте го, а потоа и процедениот карфиол. Зачинете по вкус, додајте 4 јајца, млеко, рендан кашкавал и ситно сечкан магдонос.
Тавата во која ќе печете обложете ја со хартија и сипете малку масло. Загревајте на умерена (средна) температура. Истурете ја смесата внатре и притиснете со лажица за да се распореди насекаде рамномерно.
Пиклопете и печете 20-25 минути. Кога ќе забележите дека капакот е целосно оросен од водената пареа, по изминатото време со шпатула одвојте ја питата од ѕидовите на садот, поставете хартија и чинија одозгора, па превртете ја.
Отстранете го горното парче хартија, вратете ја и печете ја од другата страна. Одозгора премачкјате ја во тенок слој со малку путер. Избришете го капакот од претходната кондензација (влага) и поклопете ја питата.
Печете на умерено ниска температура уште 10-15 минути. Ако ја печете во рерна (на 200 степени), првите 20-тина минути печете ја под фолија, а потоа отстранете ја и допечете ја додека убаво да зармени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.