Ефектот е очигледен веќе после првата употреба. Одлична маска за масна кожа, ги елиминира акните, црвенилото и митесерите.
Оваа маска е Божји дар за жените со проблематична кожа на лицето, им се препорачува на сите. Кога еднаш ќе ја пробате, веќе нема да се откажете од неа, зошто ефектите се очигледни после првата употреба. Маската делува како лента за чистење на лицето која ја употребуваат во козметичките салони за убавина.
Ги чисти акните, митесерите и лојните чворови кои се создаваат во лојните канали од лицето поради натрупување на мртви клетки од кожата, го изедначува тенот, го елиминира црвенилото, ја прави кожата чиста и мека.
Каков резултат можете да очекувате веќе после првата употреба: домашната маска со белка може значително да ги намали проширените пори на лицето, кои додека се проширени брзо се полнат со нешистотија и маст, што доведува до создавање на црни точки или акни.
Ја суши масната кожа, бидејќи го отстранува вишокот масен секрет и влага и притоа го елиминира масниот сјај од лицето. Оваа маска исто така е во состојба да ја сочува кожата на лицето од прекумерна пигментација, осветлувајќи ги црвените дамки од акни и пеги.
КАКО СЕ ПРИГОТВУВА МАСКАТА – Потребни состојки: 1 јајце и хартиена салветка. Постапка: одвојте ја жолчката од белката, а потоа посебно изматете ги со виљушка(посебно белката, посебно жолчката). Исчистете го темелно лицето.
Изматената белка нанесете ја на исчистеното лице. Одозгора врз лицето налепете салветки или претходно направена исечена маска (со отвори за очите и устата) од хартиена салветка.
Ако ви останало од белката, остатокот можете да го премачкате преку салветката, но не ставајте премногу зошто подолго ќе треба да чекате за да се исуши. Сега почекајте 20-30 минути до целосно исушување на белката. Салветката треба да стане тврда како кора.
Внимателно отстранете ја салветката од лицето (не е баш многу пријатно чувство). Откако ќе ја отстраните салветката, измијте се и намачкајте го лицето (и областа околу очите) со жолчката, за да ја хидрирате и омекнете кожата. Почекајте 10-тина минути и повторно измијте се.
Ќе забележите дека кожата ви станала чиста и мека! Маската од белка не е погодна за сите типови на кожа. Идеална е за: масна кожа, бидејќи го елиминира масниот сјај; проблематична кожа, бидејќи ги елиминира воспаленијата; кожа со претерана пигментација, бидејќи белката има ефект на избелување. Маската не се препорачува за чувствителна и сува кожа.