Рецепт и видео презентација на Домашни рецепти – Кралска погача. Многу вкусна, мека како памук погача, но исто така и многу декоративна. Ако некогаш сте размислувале да направите ваква погача, но сте мислеле дека е премногу комплицирана, сепак, со помош на оваа видео-презентација ќе ја направите многу лесно.
Потребни состојки: 600 мл вода, 1 лажица шеќер, 10 г сув квасец, 1 кг брашно + уште малку брашно за месење, 1-1,5 лажица сол, 4 лажици масло, 60 г растопен путер.
Во еден подлабок сад ставете 600 мл топла/млака вода, додадете една лажица шеќер, 10 г сув квасец и малку брашно. Промешајте добро и додадете уште малку брашно, малку сол и две лажици масло. Повторно промешајте додека да се изедначи.
Прво мешајте со лажица, а брашното постепено додавајте го. Месењето на тестото завршете го со рака. Речиси измесеното тесто истресете го на набрашнете површина и дополните доизработете го. Вкупно со домесувањето ќе ви биде потребно 1 кг брашно.
Тесто е меко и многу малку лепливо. Намачкајте го со малку масло и уште малку премесете го. На тој начин ќе стане мазно и нелепливо. Формирајте топка и вратете го во садот каде што го замесивте, покријте го со кујнска крпа и оставете го да стасува еден час.
Тепсија или калап со пречник 28 или 30 см обложете го со хартија за печење (или исечете круг со ист пречник и поставете го на дното од тепсијата). Под хартијата ставете малку масло за полесно да се залепи.
Путерот растопете го, а ќе ви биде потребно околу 50-60 г. Не треба да биде премногу растопен, туку доволно за да може да се размачкува. Подгответе уште малку брашно кое ќе ви биде потребно за премесување.
Стасаното тесто истресете го на набрашнета работна површина, формирајте го во форма на векна и поделете го на четири еднакви делови. Еден дел тргнете го на страна, а секој од трите делови поделете го на четири еднакви делови. Така ќе добиете 12 помали делови и еден поголем дел.
Овој поголем дел поделете го на пет делови од едното делче треба да биде доста помало од другите. Значи, вкупно ќе добиете 17 делови. Од секое делче формирајте топче. Секое топче развлечете го во кора со величина на чинија, па пресечете ја на половина. Секоја од половините засечете ја со неколку линии до половината.
Одозгора премачкајте со растопениот путер и започнете да виткате како корнет започнувајќи од несечената страна (погледни видео). На овој начин развлечете осум теста, така што ќе добиете 16 корнети. Овие корнетчиња редете ги во тепсијата.
Развлечете ги следните четири топчиња во тркалезни кори. Првиот круг премачкјате го со путер и поклопете го со вториот. И него премачкјате го, преклопете го со третата кора, премачкјате ја и неа и поклопете со четвртата кора. Малку со дланките притиснете ги краевите.
Вака нареденото тесто исечете го на осум триаголници, а секој триаголник поставете го помеѓу две кортнечиња во тепсијата. Истата постапка се повторува и со преостанатите четири топчиња (помалите). Повторно трите теста се премачкуваат со путер и се редат едно врз друго, последното не.
Исто така, се сечат на осум еднакви триаголничиња и се редат помеѓу претходните триаголници во тепсијата. Од најмалото топче се развлекува мала коричка, се засекува на едната страна и се витка како корнет – ружа. Се поставува во средината.
Со стапче за ражнич се втиснува средината на секој триаголник да се добие изглед на лист. Вака приготвената погача се остава покриена 15-тина минути додека рерната се загрева на 200 степени. Потоа изматете една жолчка со една лажица млеко и со обаа мешавина премачкјате ја погачата.
На крај наросете сусам, семки од тиква или по ваш избор. Ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Кога е печена премачкјате ја одозгора со преостанатиот путер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.