Фотографија и рецепт на Родна Трпеска. Потребни состојки: 500 г тенки кори за баклава, 4 јајца, 1 шолји шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја јогурт, 1 шолја гриз и 1 прашок за печиво. За прелив: 3 шолји шеќер, 3 шолји вода и 2 ванилин шеќер. За мерење се користи шолја од 250 мл,
Постапка: Најпрво се вари сирупот за да има време да излади: Се става на оган водата со шеќерот да зоврие, па се вари на тивко 15-тина минути. Пред крај се додава ванилин шеќер.
Изматете ги убаво јајцата со шеќерот, па додадете масло, јогурт и гриз измешано со прашок за печиво. На дното од намастен плех ставете две кори, па премачкајте со филот. Повторно ставете две кори, па премачкајте со фил и продолжете по тој редослед додека да се потрошат состојките.
На крај се ставаат три кори без фил, се сече баклавата на ромбови и одозгора се премачкува со масло. Се пече на 200 степени додека да зарумени, околу 45 минути.
Печената баклава малку се прелива со изладениот сируп. Се остава да впие, па добро се изладува во фрижидер пред послужување.
Фото и рецепт: Родна Трпеска