Рецепт на Виолета од Летина Кујна. Најубавото печиво полнето со сирење и кашкавал. Готово за 10 минути, а ќе ви бидат потребни само неколку состојки кои веројатно постојано ги имате дома. Толку многу е вкусно што ниедно печиво не е поубаво од ова.




Кога ќе се направи комбинација од кашкавал и сирење се добива превкусно тесто од коа излегуваат многу парчиња. Дома сите го обожаваат рецептот, а почнаа да ми го бараат и сосетки и колешки од работа. Се комбинира буквално со сè, а понекогаш го правам два до три дена по ред и на никој не му здосадува.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 650 г брашно, 40 г свеж квасец, 1/2 супена лажица шеќер, 100 мл млеко, 100 мл минерална вода, 100 мл масло, 1 рамна супена лажичка сол, 1 јајце. ЗА ФИЛ: 150 г ситно сечкано сирење, 100 г сечкан кашкавал на ленти, 1 јајце за премачкување на тестото.




ПОСТАПКА: Во длабок сад ставете го брашното, а потоа додајте го свежиот квасец. Јас квасецот го изгмечив со раце и го додадов во брашното, каде што претходно направив вдлабнатина. Потоа додајте го шеќерот и 30 мл млеко, а останатиот дел од млекото чувајте го на собна температура настрана.




Промешајте со лажица и оставете да отстои 7 – 8 минути, за квасецот да се активира. По изминатото време додајте ја минералната вода, маслото и преостанатото млеко и по страна посолете со солта. На крајот додајте го јајцето, кое исто така треба претходно да отстои на собна температура, а потоа започнете да мешате со раце додека да се формира тесто меко и нелепливо под прсти.




Префрлете го тестото на рамна набрашнета површина и продолжете со месењето. Кога ќе се формира еластично и меко тесто, вратете го во длабокиот сад и покријте го садот со памучна крпа. Оставете да отстои 30 – 40 минути да стаса.




Повторно префрлете го тестото на набрашнета површина, уште малку замесете го како валјак и поделете го на 5 еднакви делови. Секој дел се премесува и се формира топче од секое тесто.




Наросете ја со брашно рамната површина и ставете малку врз секое тесто. Со оклагија развлечете го секое тесто во форма на правоаголник, не преголемо. Во меѓувреме издробете го сирењето и ставете по површината на развлеченото тесто.




Сирење се става само на еден ред од тестото, а потоа врз нив се реди 2 ленти кашкавал. На празниот дел се сечат ленти од горе до средината, пресечените ленти не треба да стигнат до филот. Исто така, лентите треба да бидат што потенки исечени.




Потоа од страната на филот се рола тестото до другиот крај. На тепсија со хартија за печење се става тестото. Истата постапка се повторува и со преостанатите теста. На крајот тестото се премачкува со разматената жолчка со неколку капки масло и неколку капки млеко и се става на печење.




Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, од 25 до 35 минути. По желба наросете сусам или некои други семки врз тестото. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.