Фото и рецепт: Верица Николиќ – Наташини кифлички
Кифлите ги направив според рецептот на Наташа Ристиќ- Првпат кога ко прочитав рецептот знаев дека ќе мора да го испробам. Малку ме бунеше тоа што тестото се замесува со врело млеко, ама сигурно во тоа се крие тајната која на кифличките им ја дава неодоливата мекост (со благо крцкава кора) и совршен вкус.
Од ова тесто можете да правите крофни, штрудли, погачи…Што се однесува од мене, ова тесто отсега во мојата кујна е под број еден за правење кифли (додека не го испробам и за други печива). Јас направив половина мера, па така и ви ги давам количините за состојките…
Потребни состојки: 2 јајца, 2 лажици шеќер, 250 мл млеко, 1 ½ лажичка сол, ½ коцка свеж квасец, 60 мл масло и 630 г брашно (Т-500). И уште е потребно: 1 јајце, 1 лажичка јогурт, сусам и путер.
Постапка: Јајцата изматете ги со шеќерот додека да згуснат и побелат. Додавајте со постојано матење со миксер врело млеко во тенок млаз. После 2 -3 минути додадете половина коцка издробен квасец, масло и сол. Изматете.
Постепено додавајте го брашното и месете додека да добиете меко тесто кое не се лепи на рака. Оставете го во садот, покријте го со фолија или кеса и оставете го да стасува на собна температура додека да се удвои. Стасаното тесто премесете го и уште еднаш оставете го да стаса.
Потоа тестото истресете го на набрашнета површина, издолжете го во облик на ваљак и поделете го на 4 еднакви делови. Од секој дел формирајте топче и со оклагија формирајте кора во форма на круг со дебелина од 2.3 мм. Исечете го на 4 дела и витакјте ги кифличките.
Редете ги во плех обложен со хартија. Кифличките можете да ги филувате со солен или сладок фил, по желба. Јас ги направив без фил. Покријте ги со крпа и оставете ги да стасаат. Потоа премачкјате ги со мешацвина од добро изматено јајце и малку јогурт.
Наросете со семки по желба, а на секоја кифличка ставете парче путер со големина од зрно грав. Ставете да с епечат во претходно загреана рерна на 200 степени. Печените кифли извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да изладат.
Фото и рецепт: Верица Николиќ