Има анти-воспалителни својства, ги забавува дигестивни ензими и го регулира нивото на шеќерот во крвта …
Можеби не сте знаеле, но јаболковиот оцет содржи киселина, која ни помага полесно да се апсорбираат витамините и минералите од храната. …
Прочитајте во кои сè ситуации може да ви помогне јаболковиот оцет:
Ублажете ги болките во грлото со чај од јаболков оцет
Во една чаша топла вода, додадете една лажица јаболков оцет. Ако сакате, можете да додадете и засладувач.
Зошто треба секој ден да земате по 2 лажици јаболков оцет?
Секојдневно консумирајте по две лажици јаболков оцет. Во случај вкусот да ви е прејак, разблажете со малку вода или сок.
Помага при висок холестерол, ја подобрува функцијата на срцето, го регулира крвниот притисок, го регулира нивото на шеќер во крвта…
Ослободете се од првутот
Природен и ефикасен начин за справување со првутот. Само промешајте половина чаша млака вода, три лажици мед и една третина од чашата јаболков оцет.
Сето тоа се става во спреј-шише и се тресе додека медот да се растопи.
Поделете ја косата на четири дела. Прво ставете на темето, а потоа и на останатите делови од косата, се дури тинктурата не се потроши.
Потоа косата завиткајте ја во пластична фолија или ставете капа за туширање и оставете да дејствува 15 минути. Измијте ја косата, а постапката повторувајте ја еднаш неделно. Резултатите ќе дојдат по 2 до 3 недели.
Ослободете се од Ждригавицата
Ако ви се појави ждригавица, ставете 1 лажица оцет во 250 милилитри вода, промешајте и испијте.
Еве како да се ослободите од акните и брадавиците:
Против акни
Направете тест со мал дел од кожата за да видите како таа ќе реагира. Доколку по 15 минути немате некоја реакција, нанесете на целото лице.
Потребно е да разредите јаболков оцет со вода во сооднос 1:3. На подрачјето со акни, нанесете од течноста со памучна крпа и оставете да делува дваесетина минути, а потоа измијте. Постапката повторувајте ја 2 до 3 пати дневно, се дури акните не исчезнат.
Помогнете си при грчеви во нозете
Пред да си легнете, помешајте 1 лажица јаболков оцет со мед и полека испијте. Грчевите би требало да престанат.
На видеото подолу можете да видите каква е постапката за решавање на брадавиците: