Естрогенот е главен полов хормон кај жените. Тој го контролира растот на градите, менструалниот циклус, растот на срамни влакненца и влакненца под пазувите.
Го регулира нивото на холестерол, ги штити коските и делува на мозокот. Естрогенот на жените им е неопходен за нормално функционирање на организмот и подготовка на телото за овулација.
Меѓутоа, некои групи естроген се одговорни за зголемување на ризикот од рак, како што е рак на дојка.
Преголема количина естроген е многу честа кај жените. Посебно во Северна Америка каде 50% од жените постари од 35 години го имаат тој проблем.
Симптомите од зголемено ниво на естроген честопати се заменуваат со ПМС. Ако ги игнорирате може да доведе до неплодност, миом на матката, абортус и рак.
Знаци на предупредување:
-губиток на коса
-дисфункција на штитната жлезда
-успорен метаболизам
-потешкотии со спиењето
-умор
-главоболки
-намалена сексуална желба
-студени стапала и дланки
-подуеност
-нередовен менструален циклус
Вашата исхрана игра многу значајна улога во процесот на регулирање на нивото на естроген.
Ова се совети кои можат да помогнат во воспоставување на хормонска рамнотежа, губиток на килограмите и чистење на кожата.
Рузмарин
Тоа е одличен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на штитната жлезда и памтењето. Го забрзува метаболизмот и одличен е за слабеење. Поттикнува формирање на добри групи естроген.
Дали фолната киселина може да заштити од рак?
Фолна киселина (Витамин Б9)
Делува врз естрогенот и ги намалува промените и спречува развој на рак. Темно лиснатиот зеленчук содржи препорачана доза омега – 3 масни киселини.
Изофлавони
Како оние во сојата, изофлавони се антиоксиданси кои поттикнуваат создавање на добри естрогени во организмот. Пожелно е да се користат билки како што е детелината.
Лосос и други риби
Омега-3 масните киселини имаат многу предности. Го зголемуваат бројот на добриот естроген во организмот. Експертите совеуваат консумирање на риба 2-3 пати седмично.