Бубрезите играат многу важна улога во нашето тело бидејќи ги прочистуваат отпадните материи и вишокот вода, но ја филтрираат и крвта. Се смета дека една четвртина од вкупниот волумен на крв поминува низ бубрезите на дневна основа.

Секоја мала промена може да влијае на нивното нормално функционирање, па затоа е важно навреме да се препознаат некои од симптомите на воспаление на бубрезите:

Првите симптоми обично се: проникнување, трепет по целото тело, придружено со висока температура и болки во зглобовите и мускулите, вклучувајќи болка во колковите и долниот дел на грбот.

Можно е при ваквите симптоми воопшто да не помислите дека станува збор за бубрезите. Може да се појават и симптоми како што се болка од печење при мокрење, потреба за итно мокрење или често мокрење.

Ова се најчестите симптоми: болки во грбот (тапи или како прободување), исцрпеност, треперење, нагон за повраќање, печење и болка при мокрење, често или ретко мокрење, заматена урина со непријатен мирис, ноќно мокрење, топла и црвена кожа, често влажна

Акутното воспаление на бубрезите се карактеризира и со промена на бојата на урината, исто така и мирисот на урината е специфичен. Бактеријата ешерихија коли, која е најчеста причина за нефритис, на урината и дава силен и тежок мирис, правејќи ја бојата потемна и заматена.

Воспалението на бубрезите (нефритис) се јавува како резултат на вирусни и бактериски инфекции, но често се случува генетската предиспозиција или долготрајната употреба на лекови, како што се антибиотици или нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), исто така се одговорни за воспаление на бубрезите.

Знаците на бубрежна болест може да се откријат со анализа на примероци од урина, крв и крвен притисок.

Доколку забележите некои од симптомите споменати погоре, време е итно да се јавите кај вашиот лекар за помош, кој ќе ви препише адекватна терапија. Пиењето многу течности и чаеви за проблеми со бубрезите се уште една опција која може да помогне заедно со лековите!