Црниот дроб е најголемиот цврст орган во човековото тело, задолжен за повеќе различни функции.
Некои од основните функции на црниот дроб се: чистење на крвта, создавање жолчен сок што е важно за дигестијата, складишти гликоген, облик на шеќер за производство на енергија.
Бидејќи црниот дроб е многу важен, доколку имате проблем со него, може вашето здравје да биде во сериозна опасност.
Но многу луѓе не знаат дека имаат проблем со овој орган, се’ додека не биде предоцна. Како резултат на тоа, вашето здравје и општата благосостојба може да бидат загрозени.
Обратете внимание и препознајте ги знаците на предупредување кои ви говорат дека имате оштетен црн дроб.
КОЖАТА ВИ ПОЖОЛТУВА
Еден од првите знаци за оштетен црн дроб е промена на кожата. Бидејќи има оштетување не е во состојба правилно да ги филтрира токсините, па доаѓа до натрупување на билирубин, што би можело да доведе до пожолтување на кожата.
Билирубинот го призведува црниот дроб и помага во дигестијата. Кога постои оштетување, билирубинот не може да се отстрани, а како резултат на тоа тој преминува во крвта. Кога билирубинот тече низ крвта, кожата добива жолтеникава боја.
Најпрво ова жолтило можете да го забележите на ноктите и на врвовите од прстите, како и во очите.
ПРОМЕНА ВО УРИНАТА И СТОЛИЦАТА
Ако забележите промена на бојата на урината и столицата, тоа може да биде знак дека нешто со вашиот црн дроб не е во ред. Ако вашата урина има темна боја, а столицата е бледа и тенка, треба да посетите лекар.
Сепак, еден од најважните сигнали, после кој мора да превземете нешто е следниот:
ЧУВСТВО НА ПОДУЕНОСТ
Ако сте забележале дека вашиот желудник одеднаш се подува, тоа би можело да биде симптом дека имате проблем со црниот дроб.
При негово оштетување, доаѓа до задржување на течностите а како резултат на тоа, изгледа дека вашиот желудник е поголем.
ЧУВСТВО НА БОЛКА
Ако во стомакот започнете да забележувате грчеви или изненадна болка, можеби имате проблем со црниот дроб.
Кога црниот дроб не функционира како што треба, може да се појави болка во стомакот. Ако таа болка е на левата страна, веднаш посетете лекар.
ПОВРАЌАЊЕ И КИСЕЛИНИ ВО ЖЕЛУДНИКОТ
Ако забележите зголемена желудочна киселина, тоа би можело да биде прв симптом за проблем со црниот дроб.
Оштетениот црн дроб може да ги истурка дигестивните сокови се’ до хранопроводникот што предизвикува повраќање и дигестивни пречки.
Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш посетете лекар.