Овие сигнали ви ги испраќа телото и никако не смеете да ги игнорирате.
Повеќето настинки и респираторни инфекции поминуваат брзо и лесно, но за жал, понекогаш инфекциите на горните дишни патишта можат да предизвикаат и воспаление на белите дробови.
Она што е опасно во некои случаи, е непрепознатливоста на симптомите, и тогаш тешко може да се утврди дека станува збор за пневмонија и единствено се дијагностицира со рендген снимка.
Ова се неколку знаци за воспаление на бели дробови кои ќе ви помогнат да ја препознаете болеста и навремено да преземете мерки.
ЗАБРЗАН ПУЛС
Прва работа која би требало да ве предупреди е забрзаната работа на срцето. Измерете го пулсот и ако е поголем од 100 отчукувања во минута, во состојба на мирување, обратете се на лекар – можеби имате воспаление на бели дробови.
БОЛКА ВО ГРАДИТЕ
Ако инфекцијата се прошири на белите дробови, може да се развијат болки во градите. Најверојатно чувствувате неугодност, па дури и болка во текот на нападот на кашлицата, но доколку болката не поминува после нападот, веднаш побарајте лекарска помош. Можеби инфекцијата се шири во белите дробови.
ПРОДУКТИВНА, ИСЦРШУВАЧКА КАШЛИЦА
Продуктивната кашлица е добра, бидејќи му помага на телото да се ослободи од вишокот леплива слуз. Но, ако кашлицата е постојано влажна, но не носи чувство на олеснување (барем на кратко), мора што поскоро да посетите лекар – исцрпувачката кашлица може да биде симптом за воспление на белите дробови.
ТРАГИ ОД КРВ
Ако секретот кој се исфрла со кашлањето е обоен со крв или има за’рѓана нијанса, тоа е знак дека инфекцијата влегла во белите дробови. Итно побарајте доктор – ова е многу сериозен знак.
ЧУВСТВО НА СТУДЕНИЛО
Ако имате чувство на студенило и телото на моментите ви се стресува од студ, а имате висока температура – тоа е сигурен знак дека имате воспаление на белите дробови. Веднаш обратете се на лекар.
ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ
Тешко и плитко дишење е уште еден симптом за воспаление на белите дробови кое не смеете да го игнорирате. По правило се појавува кога инфекцијата веќе се проширила доста длабоко во белите дробови и потребна е итна помош. Во спротивно, во крвта нема да доспева доволно кислород и може да дојде до вртоглавица, па дури и губиток на свеста.