На едно место собравме неколку рецепти кои се приготвуваат со кактусот алое, а кои се искуствено признати дека помагаат во лекувањето и на најтешките болести.

ВИНО ОД АЛОЕ ВЕРА – се користи за бројни тегоби, од проблеми со цревата, до астма и алергија.

Виното од алое и мед ја чисти крвта, ги отстранува штетните и отровни материи од организмот, го зајакнува имунолошкиот систем.

Потребни состојки:

200 г алое вера (Aloe barbadensis)
100 г лист од жалфија
100 г корен од цикорија / водопија (Cichorium intybus)
100 г шипки (дива ружа)
200 г мед со саќе (мед во пита со восок и сè останато)
200 мл црвено вино

*Ако се користат суви билки )побарајте во Билна аптека или друга продавница за билки), користете половина од наведените количини за тие билки.

Постапка:

Се меле свежото алое, жалфијата и цикоријата, како и шипинките од дива ружа заедно со медот во саќето.

Смесата се складира во стаклена тегла, се прелива со виното, добро се промешаува за да се изедначи и се затвора. Откако ќе отстои 7-10 дена на темно и ладно место, виното се процедува во темни стаклени шишенца и се консумира по 3-4 пати дневно по една голема лажица.

ЛОСИОН ЗА ЛИЦЕ ОД АЛОЕ – за дамки, лузни, акни, црвенило и други проблеми

Потребни состојки:

50 мл ружина вода (од аптека ако немате сами направено)
50 мл глицерин
50 мл сок од алое (изблендирано и процедено)
1-2 лажици свежо исцеден лимонов сок

Постапка:

Сите состојки ставете ги во едно стаклено шишенце и добро протресете за да се спојат.

Со лесна масажа се нанесува лосионот на влажно и претходно исчистено лице од шминка, а потоа се плакне со топла вода. Овој лосион има краток рок на употреба од 3-5 дена, па можете да користите и како облози за кожа.

Освен за нега на лицето, сокот од алое може да се користи и кај помали рани, изгореници, осип, дерматитис и убоди од комарец.

РЕЦЕПТ ПРОТИВ РАК

Според рецептот на рускиот лекар Савински, од алоето може да се приготвува и лек кој се користи во борбата против ракот и други тешки заболувања. Овој рецепт стана вирален и веќе со децении се споделува меѓу луѓето на кои им е потребна помош.

Потребни состојки:

300 г свеж лист од алое се меле во машина за месо (колку постара билката, толку подобро).
Се меша со 700 мл чисто црно вино и со
500 г цикорија
400 г мед со саќе (мед во пита) и
400 мл 90% медицински алкохол од аптека.

Постапка:

Сите состојки се ставаат во темно шише или тегла со широк отвор и добро се затвора. Се чува на темно и ладно место, но не во фрижидер. После 7 дена може да се започне со употреба.

Првите 5 дена, трипати по една чајна лажичка, два часа пред јадење, а следните 5 дена, трипати по една супена лажица, еден час пред јадење.

Овој лек помага кај туберколоза, астма, чир на желудник, ревматизам, гинеколошки проблеми и рак.

РЕЦЕПТ ЗА ИСЦРПЕНИ ОНКОЛОШКИ ПАЦИЕНТИ

На овие лица потребна им е силна храна со многу витамини. Затоа се препорачуваат следните биостимулатори со примена на алое:

1)100 г сок од Алое се меша со 500 г мелени ореви и 300 г мед. Смесата се остава месец дена на темно и ладно место. Се консумира по една лажица трипати на ден, половина час пред јадење.

2)Потребни состојки: 2 чаши сок од цвекло, 2 чаши сок од морков, 2 чаши сок од ротквица, 2 чаши сок од брусница, 2 чаши сок од бреза, 2 чаши од надземниот дел на билката сладок корен (Glycyrrhiza glabra), сок од 10 лимони, 200 мл алкохол, 500 г мед.

Потребни се свежи билки. Сите состојки добро измешајте ги и складирајте ги во темен сад. Затворете и оставете три седмици на темно и ладно место со повремено протресување. Потоа се процедува низ газа и се консумира по 30 мл трипати дневно, половина час пред јадење.

3)Потребни состојки: 150 мл сок од алое, 100 мл сок од листови од шумска јагода, 250 мл јаворов сируп, 250 г мед, 350 мл црвено вино.

Сите состојки ги мешате и ги оставате да отстојат две седмици на темно и ладно место. Се консумира по 30 мл половина час пред јадење, трипати дневно. Се чува на темно и ладно место.

Заедничка цел на сите овие рецепти е добробит и оздравување на пациентите, избалансирана примена од најефикасните методи за лекување и сочувување на човековото достоинство.