Одлични грицки за пред ТВ. Моментално ова се нашите омилени грицки.
Потребни состојки:
1 ½ шолја брашно
2 лажици вода
3 лажици милерам (30% к.павлака)
1 лажица масло
1 лажичка сол
100 г рендано сирење или кашкавал
Начин на подготовка:
1.Сирењето измешајте го со милерамот, водата, масло и сол.
2.Додавајте малку по малку брашно и замесете тесто.
3.Оставете го во фрижидер половина час па развлечете го исечете коцки.
4.Избоцкајте со виљушка и наредете во тепсија.
5.Печете во рерна загреана на 200 степени 15 минути.