Вишните се едни од омилените бобести овошја, а во летниот период дефинитивно се на првото место особено кога станува збор за десерти. Сето ова го должат на својот неодолив освежителен вкус со кисели и слатки ноти, а секако и карактеристичниот мирис, за многумина омилен.
Нема поубав окрепнувачки напиток од овој од вишни, кој добро ни е познат уште од детството. Порано речиси во секој двор имаше дрво вишна, па домаќините приготвуваа сируп на растворање, како и густи сок, без конзерванси, прекрасен и вкусен. Па, ајде да се потсетиме на овие рецепти.
РЕЦЕПТ 1 – СИРУП ОД ВИШНИ БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг вишни, 2,5 литар вода, 1 кесичка лимонтус (или лимон), 1 кг шеќер на секој литар добиен сок после цедењето на вишните. ПОСТАПКА: Вишните добро измијте ги под млаз ладна вода, па исчистете ги од петелки и семки.
Ставете ги во некој голем сад, наросете ги со лимонтус и налејте ладна вода. Со рака или со преса гмечете ги вишните да испуштат што повеќе сок. Потоа садот поклопете го и оставете го на ладно место да отстои 24 часа.
После еден ден вишните добро процедете ги и измерете ја количината на добиениот сок. Излејте ја течноста во голем сад и додајте онолку килограми шеќер колку што сте добиле литри сок, па добро промешајте додека шеќерот да се растопи. Ставете на оган и варете на умерена температура, а кога ќе се појави пена, отстранете ја.
Продолжете уште пет минути со готвењето од моментот кога ќе се појави пена. Врелиот сок складирајте го во врели шишиња кои сте ги стерилизирале во рерна на 150 степени 5 минути, или подолго на 100 степени. Шишињата оставете ги да се оладат на собна температура завиткани во ќебе, а потоа чувајте ги на темно и ладно место. Следниот рецепт е за сок без шеќер:
РЕЦЕПТ 2 – ГУСТИ СОК ОД ВИШНИ БЕЗ ШЕЌЕР И КОЗНЕРВАНСИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг вишни (измиени, исчистени од петелки и семки), 1,5 литар врела вода, 1 лимон. ПОСТАПКА: Исчистените вишни сомелете ги во блендер додека да добиете мазна изедначена каша. За да го постигнете ова вишните блендирајте ги дел по дел, а не сите одеднаш.
Добиениот сок процедете го низ цедалка или густа газа во некое широко тенџере, а она што ќе ви остане од пулпата, не го фрлајте, може да го додадете во сладолед, колачи или едноставно да го испржите со малку шеќер како мармалад. Во процедениот сок додајте 1,5 литар зовриена (врела) вода, па промешајте.
Додајте сок од еден лимон, па ставете на оган и гответе го 10 минути од моментот на зовривање, на многу тивок оган. Формираната густа пената отстранете ја од површината.
Топлиот сок складирајте го во топли стерилизирани шишиња (преку газа или цедалка), оставете да се оладат на собна температура, па чувајте ги во ладна и темна просторија. Деталите погледнете ги ОВДЕ.