Пилешка супа, мед и маслиново масло се само некои од најпознатите народни лекарства кои ефикасно и едноставно лекуваат разни симптоми од воспалено грло, забоболка па се до изгоретини од сонце. Но, народни лекарства има навистина многу, а тука се издвоени најдобрите. Дознајте што лекува маслото од каранфилче, оцетот, лакот за нокти или селотејпот…
1.Пилешка супа- за лекување настинка
Пилешката супа традиционално се смета за лек, особено во студените временски периоди. Тоа не е само топол и хранлив оброк туку медицинарите тврдат дека постојат и докази за оваа супа дека помага во намалување на активноста на белите крвни клетки кои се одговорни за респираторните проблеми (честа појава во време на настинки).
2.Масло од каранфилче- за лекување забоболка
Маслото од каранфилче е извор на еугенол, природен убиец на болката. Делува антибактериски а во народната медицина е многу популарен како лек против забоболка.
Обично се користат неколку капки од маслото помешано со ¼ чашка маслиново масло. Во оваа смеса се натопува памук кој се става како облога на болното место. Меѓутоа, користењето на маслото од каранфилче носи и одредени ризици. Имено, ова масло во устата може да предизвика чувство на печење, оштетување на ткивото, болка, а големи дози потенцијално можат да предизвикаат болка во грлото, отежнато дишење, проблем со бубрезите, оштетување на црниот дроб. Маслото од каранфилче треба прецизно да се аплицира на забот, и никако не смее да се нанесува на оштетена или чувствителна кожа.
3.Сода бикарбона- за лекување проблеми со желудникот
Сода бикарбоната е честа состојка во лековите за смирување на желудникот. Имено, сода бикарбоната делува со помош на реакцијата со вишокот желудечна киселина што резултира со неутрално рН во желудникот.
Растворете едно лажиче сода бикарбона во чаша вода и испијте. Овој микс е евтин и практичен лек за смирување на желудникот.
4.Полномасно млеко- за лекување херпес
Грдите меури кои често се јавуваат на усните, а понекогаш и на лицето, се предизвикани од херпесот simplex вирус. Популарен и едноставен народен лек е полномасното млеко кое содржи monocaprin. Присутноста на оваа состојка ја намалува активноста на вирусот, а млекото го подобрува оздравувањето.
5.Мед- за лекување на воспалено грло
Што се однесува до вкусот, медот сигурно е еден од највкусните традиционални лекови. Консумиран посебно, или помешан во чај и лимон, научните студии покажуваат дека медот може да биде многу ефикасен исто како и некои сирупи против кашлица.
6.Оцет-за лекување изгореници од сонце
Иако единствениот начин да ја одбегнете опасноста од изгореници од сонце е да ја прекриете кожата или пак да нанесете подебел слој крем со заштитен фактор, сепак, некогаш се случува да изгорите. Постојат неколку средства за смирување на болката, а еден од нив е оцетот. Чист, или растворен во вода, се става во шише со распрскувач, па се прска по изгорениците на кожата.
7.Селотејп- за лекување брадавици
Верувале или не, ама еден обичен селотејп може да има исцелителски моќи. Во овој случај за лекување брадавици. Иако обично се потребни 28 дена за целосно повлекување на брадавиците, истражувањето покажало дека со помош на селотејпот се решаваат 85% од случаите, додека методот криотерапија ги елиминира 60% од случаите.
8.Лак за нокти- за лекување убод од инсекти
Лакот за нокти може да послужи за формирање заштитен слој преку убодот. Се смета дека проѕирниот лак за нокти ја намалува иритацијата и му овозможува на телото да ја заздрави раната без чешање.
9.Талк пудра- спас за мрсна коса
Со оглед на забрзаниот начин на живеење и бројните обврски, воопшто не не чуди што миењето коса понекогаш изгледа како невозможна мисија, а ако сакате уште некој ден да преживеете без шампон и регенератор, фен и четки, посегнете по пудрата од талк која одлично ја прикрива масната коса.
Лажичка прав ставете на дланката и разнесете по целата коса со помош на прстите и четка. Косата потоа ќе изгледа помалку валкано и масно.
10.Маслиново масло- за лекување воспалено уво
Многу родители користат топло маслиново масло како лек за намалување на непријатното воспаление на увото кај мали деца. Се смета дека топлото масло го смирува воспаленото тапанче и ја олеснува болката.
Напомена: Пред да започнете да употребувате било кој од народните лекарства, посоветувајте се со вашиот матичен лекар!