Преполно е со витамин Ц, спречува згуснување на кр-вта и го зајакнува имунитетот: ова овошје треба да започнете да го јадете уште денес! Познато е дека густата крв предизвикува создавање на тромбови, што може да биде многу опас-но, па дури и да предизвика фа-тална состојба.

Ако не пиете разредувачи на к-рвта, експертите советуваат да консумирате храна што ќе ви помогне при овој проблем. Како што велат, најсилен ефект имаат бобинките, кои содржат изобилство на витамини и минерали, и силно го зајакнуваат имунитетот.

„Само една рака бобинки ќе помогне да се заштити организмот од згрутчување на кр-вта. Ако ги јадете редовно, вискозноста на кр-вта ќе се намали, а работата на кр-вните садови ќе се нормализира “, велат од клиниката Мајо. А еве за кои плодови станува збор …

Рибизли

И црвената и црната рибизла се корисни за организмот, а особено за функционирањето на кардиоваскуларниот систем. Сепак, нивниот состав доведува до различни ефекти. Црната рибизла е ризница на витамин Ц, која се бори против згуснување на кр-вта.

Црвената рибизла содржи и оксикумарин, кој влијае на правилното функционирање на срцевиот мускул и обезбедува нормален проток на к-рвта. Рибизлата помага во деткосикација на телото и го прави организамот отпорен на разни болести и заболувања.

Поради нејзиното големо количество на витамин Ц, таа се препорачува за луѓе кои страдаат од недостаток на овој витамин, но истовремено поради овој елемент, таа е и меѓу првите состојки кои најефикасно се борат и го штитат организамот од појава на карцином.

Плодовите на рибизлата, особено црвената рибизла, помагаат и за отварање и зголемување на апетитот, а содржи и доволно количество на калциум, при што ја прави одлична за развојот и заштитата на коските.

Поттикнува здрава циркулација на кр-вта и ги спречува можните згрутчувања во истата, со што го штити и каридоваскуларниот систем. Покрај тоа, сокот од плодовите помага во борбата против бубрежните болести, грчевите и го обновува дигестивниот систем.

Ги отстрануваат акумулираните штетни материи во нашиот организам, го зајакнуваат ги штитат цревата, а и лекарите рибизлите ги препорачуваат да се консумираат по направени хируршки интервенции, бидејќи го забрзуваат порцесот на оздравување.

Плодовите на рибизлите можат да се консумираат свежи или пак во сушена форма. Чај од рибизла или како сладок-кисел додаток во колачите се два од најзастапените начини, на кои луѓето ги користат рибизлите. Еве уште еден, за кој сигурно не знаете:

Вино од рибизла за прочистување на кр-вта. Потребни состојки: рибизли, вода, шеќер, вински квасец, суво грозје

Постапка: количина на рибизли по ваш избор, измешајте ја со доволно количество на вода и шеќер, а потоа додајте го и сувото грозје заедно со винскиот квасец. Добиената смесата ставете ја во стаклено шише и истото наполнете го до половина. За процесот на ферментација, потребно е сместа да ја оставите да отстои 40 денови, на топло место. По поминатиот период, процедете ја течноста и истата ставете ја во ново, чисто шише. Виното потоа се препорачува да го чувате на места со пониска температура.

Боровинка

Оваа бобинка е корисна не само за видот, туку и за циркулаторниот систем. Ако ги јадете често, во голема мера ќе го намалите ризикот од згрутчување на кр-вта. Интересно, ова лековито својство на боровинките се задржува дури и во замрзнатите плодови.

Покрај тоа, ова овошје е неопходно за оние кои страдаат од анемија и леукемија, а присуството на антиоксиданти во неговиот состав обезбедува нормално функционирање на другите органи.

Сок од боровинки

Сокот подготвен од боровинки, според многумина е еден од највкусните напитоци, кои истовремено им е омилен на различни генерации. Освен тоа што таа може да се консумира свежа и како сок, боровинката исто така може да се складира и за во зима, подготвена како мармалад или слатко или едноставно замрзната. Замрзнатата боровинка, има речиси идентични нутритивни вредности како и свежата боровинка.

Чај од плодовите, листовите и коренот

Многумина боровинката најчесто ја консумираат во вид на чај. Токму чајот од боровинка важи за еден од најлековитите напитоци и се подготвува од сушени плодови. Сепак, немојте да се изненадите кога билкарите ќе ви препорачаат редовно да пиете и чај подготвен од листови од боровинка.

Чајот подготвен од суви листови од ова растение, спречува појава на проблеми со мокрењето, како кај децата така и кај возрасните. Исто така, со редовно пиење чај од листови од боровинки, значително се подобрува функцијата на бубрезите и успешно се одржува здравјето на бешиката.

Листовите од боровинките многу помагаат и во намалувањето на нивото на шеќерот во кр-вта и токму затоа се препорачува да го пијат луѓето што имаат дијабетес. Овој чај многу помага и во намалувањето на сувото кашлање, болки во желудникот, мачнина, надуеност и повраќање.

За да го подготвите чајот од боровинки, сѐ што треба да направите е во зовриена вода да потопите неколку листови од оваа билка, а потоа едноставно да го процедите напитокот и да го испиете.

Чајот од свежите боровинки се препорачува да го пијат сите што имаат проблеми со видот, бидејќи во составот на ова здраво растение концентрирано е поголемо количество каротен. Исто така се користи и за подобрување на цревната функција и чистење на цревата од паразити.

Шипинка

Шипинката е исто така богата со витамин Ц и не само што ги зајакнува кр-вните садови и нивните ѕидови, туку исто така ја чисти кр-вта од формирање на плаки. Содржината на флавоноиди во овошјето ќе помогне во подобрувањето на работата на големите крвни садови.

Брусница

Кога станува збор за витамин Ц, првото нешто на што помислуваме се агрумите. Факт е дека брусницата содржи многу повеќе од овој витамин – дури 70 % повеќе. Покрај тоа, овие бобинки имаат голема количина витамин Е, манган, железо, фосфор, кои се многу корисни за целото тело. Најважно е што помагаат во борбата против штетниот холестерол, згрутчување на кр-вта и формирање на тромбови.