ОВА не можете да го купите во продавница…еднаш пробав еднаш и сега само домашно јадеме! Да се приготват домашни печива од тесто обично бара вештина, а процесот трае долго. После печењето кифлите може да бидат суви, тврди и без златна кора.

Затоа, пред да го ставите во рерна, прво тестото многу кратко сварете го во зовриена вода, па дури потоа ставете го во рерна. Тајната на баварските печива може да се примени во речиси секој рецепт со некои мали измени.

Ќе се уверите дека ако тестото го варите во врела вода само 30 секунди ќе направи голема разлика и неверојатни резултати. Ви препорачувам да го пробате овој рецепт! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл топло млеко
1 лажичка шеќер
1 лажичка сув квасец
300 г брашно
1/3 лажица сол
40 г путер

Фил по вкус (ние ставивме кондензирано слатко млеко)
2 литри вода
2-3 лажички сода бикарбона

ПОСТАПКА:

Во топло млеко 200 мл додајте по 1 лажиче шеќер и сув квасец и промешајте. Потоа постепено додајте го брашното и солта, како и омекнат путер. На почетокот мешајте со лажица, а потоа замесете со рака додека да се формира компактно и мазно, меко тесто кое не се лепи за рака.

Покријте го и оставете го да ферментитра на топло место 30 минути. Потоа поделете го на 2 дела, а секој на 6, за да добиете 12 парчиња. Од секое обликувајте топче.

Земете едно топче, а другите нека останат покриени за да не се сушат. На многу малку наместена работна површина отворете го топчето само со рацете, не ви е потребна оклагија.

Во средината ставете лажичка фил, па спојте ги краевите над филот со штипкање на тестото за да се залепи.

Вака приготвени редете ги врз рамна површина, покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути на топло.

За тоа време ставете во тенџере да зоврие вода и сипете внатре сода бикарбона. Стасаните погачици спуштајте ги во врелата вода и варете ги по 30 секунди од секоја страна.

Со решеткава лажица вадете ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Со остар нож направете им по неколку коси, површински засеци и ставете ги во претхпдно загреана рерна на 180 степени да се печат приближно 20 минути.

Штом заруменат извадете ги и веднаш додека се топли премачкјате ги со путер. Од него ќе добијат дополнителна мекост. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.