Ова ми е највкусен колач…Се прави од состојки што секогаш ги имате, брзо и едноставно…
Најдобриот колач во целиот свет…Се топи во уста…Многу лесно и вкусно, десерт за секој ден…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
100 г шеќер
60 мл масло
70 мл млеко
160 г брашно
7 г прашок за печиво
И уште: чоколадни капки/чипс и сечкани бадеми (снегулки) и/или лешници
За фил растопете на тивок оган:
1 лажица шеќер
1 лажица какао во прав
1 лажица скроб/нишесте/густин
250 мл млеко
60 г црно чоколадо
1 лажичка путер
ПОСТАПКА:
Со жица соединете ги јајцата, со сол, ванила и шеќер. Додајте масло и млеко и на крај просеано брашно помешано со прашок за печиво. Мазната смеса сипете ја калап 18х27 см, намастен и посипан со брашно.
Одозгора посипете ливчиња од бадеми/лешници и чоколадни капки, па ставете да се пече 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе се олади пресечете го на половина, да добиете две кори.
Долната кора премачкјате ја со чоколадниот фил, па поклопете со горната кора. Одозгора посипете малку шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: