На девојка (24) и бил откриен рак на грлото од матката, а таа својата приказна одлучила да ја сподели со другите за да ги охрабри другите жение да одат редовно на преглед.

Хедер Китинг од Ирска отишла на гинеколошки преглед откако на својот доктор му пријавила дека крвави помеѓу циклусите како и после сексуален однос.

Меѓутоа, гинекологот и рекол дека тоа не е ништо страшно и да се врати повторно на преглед кога ќе наполни 25 години!

„Затоа што имав 24 години немав право на бесплатни брисеви и останати анализи. Се додека станав анемична од толку големо крвавење, па мораа детално да ме испитаат“ – раскажува Хедер.

„Никогаш, дури ни во најлошиот кошмар немаше да претпоставам дека имам рак. Ме повикаа во соба во која на масата имаше книжни салветки. Тогаш знаев дека ќе ми соопштат лоши вести“ – раскажува хедер за моментот кога и ја соопштиле ужасната вест за својата здравствена состојба.

„Ми рекоа дека имам рак на грлото од матката. Морав да одам на дополнителни анализи кои би провериле дали ракот се проширил.“

СИМПТОМИ НА РАК ОД ГРЛОТО НА МАТКАТА:

Симптомите на овој рак не се очигледни, туку подмолни, затскриени, па затоа треба редовно да се оди на преглед. Може да имате чудно чувство во стомакот, да се подувате, да имате вагинален исцедок, општа исцрпеност и умор, главоболки, потешкотии при уринирање, но ништо чудно и невообичаено што би ве натерало да се посомневате дека нешто не е во ред. Само редовните гинеколошки прегледи можат со сигурност да откријат дека нешто не е во ред.

Дури кога болеста ќе напредне може да се случи да дојде до крвавење и тоа после односи и помеѓу циклуси.

Оваа девојка имала среќа па ракот не се проширил понатаму од грлото на матката, па целосно бил хируршки отстранет.