Ова јадење од свинско филе изгледа многу импресивно на празничната маса. Кога знам дека ќе имам гости, секогаш го користам овој рецепт за полнето свинско месо печено во рерна. Предноста на овој рецепт е што месото и компирот ги готвите на ист плех.
Ова јадење е толку популарно кај гостите што сите ме прашуваат за рецепт и секое наредно доаѓање сакаат пак да го јадат. Пробајте го! Гответе со љубов! Гответе со задоволство! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1,4 кг свинско филе
за маринада:
70 мл растително масло
2 лажички соја сос
1 лажичка сок од лимон
2 лажички сенф од цело зрно
1 лажичка мед
3 чешниња лук
1 лажичка црвен пипер во прав
1 лажичка оригано
1 – 1,5 лажички сол
црн пипер по вкус
за полнење:
3-5 пиперки (печени и излупени)
200 г рендана моцарела или друг кашкавал
1-2 раце свеж магдонос
кујнски конец – за врзување на ролатот
за прилог:
700-800 г компири
2 главици кромид
3-4 чешниња лук
сол
црн и црвен пипер по вкус
оригано
растително масло
ПОСТАПКА:
Со остар нож започнете да го сечете месото како да го отворате во долг лист. На некои задебелени делови направете засеци. Покријте го со кеса или проѕирна фолија и дополнително истенчете го со кујнски чекан.
Маринада: во еден сад измешајте ги сите наведени состојки, па со половина од смесата премачкјате го месото преку целата површина. Свиткајте го во ролат и оставете го во фрижидер да се маринира еден час или подолго.
Потоа наредете го со филети од печени пиперки, рендан кажкавал и сечкан свеж магдонос. Внимателно свиткајте го во ролат, а потоа врзете го со кујнски конец.
Ролатот ставете го во плех заедно со исечените и зачинетите компири, кромид и лук. Премачкјате го одозгора со мариндата.
Покријте го добро со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 40 минути.
По изминатото време извадете ја фолијата, уште еднаш премачкајте го месото со преостанатата маринада и вратете да се допече додека да фати убави боичка, уште 15-20 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.