Секоја личност има одредена количина на гас во цревата, кои се формираат како резултат на распаѓање на органска материја од бактерии во цревата, како и со голтање на воздух за време на внесувањето храна.
Гастрична киселина, цревните и жолчни ензими влијаат на варењето на храната. Овие супстанции се излачуваат под влијание на храната или производи за рас-паѓање на храната по многу прецизен редослед.
Оваа низа, како и количината на излачени супстанции потребни за варење, се нарушува од слабиот состав на потрошената храна, пребрзото голтање или прекумерното внесување на храна.
На тој начин, постои несовпаѓање помеѓу проголтаната храна и можноста за нејзино правилно варење. Таквата храна не се вари, се распаѓа и „скапува“ под влијание на цревните бактерии, како резултат на што се создаваат гасови.
Луѓето кои внесуваат премногу влакна (целулоза во форма на леб од цели зрна, зелка, кељ, ротквица и сл.) исто така имаат зголемено производство на гасови во цревата. Некои лекови (антибиотици, есенцијални масла, лаксативи, ацетилцистеин, додатоци на железо) може да предизвикаат зголемено производство на гасови во цревата.
Подуеноста може да биде знак на одредени функционални и органски болести на дигестивниот систем, на пример: недостаток на панкреасни ензими, гастритис, нетолеранција на лактоза, улцеративен колитис, Кронова болест, како и нарушувања што доведуваат до дисфункција на цревата – синдром на нервозно црево.
Гасот се состои од производи на распаѓање на бактерии и храна и се состои од супстанции од групата индоли, скатоли и меркаптани, соединенија на сулфур, но и азот, јаглерод диоксид и кислород.
Еден дел од гасовите нормално се апсорбира од цревата, а едниот дел се исфрла во надворешната средина. Непријатниот мирис на гасот доаѓа од соединенија кои содржат сулфур. Гасовите имаат особено непријатен мирис по јадењето на грав, јајца, кромид и лук.
Нарушената цревна флора е еден од основните проблеми во оваа состојба – нервозни црева. Основниот совет во случај на проблеми со празнење на дебелото црево (запек) е диетата да се базира на храна со зголема содржина на влакна, да се внесуваат повеќе течности и да се користат природни лаксативи.
Остатокот од терапијата се базира на употреба на лекови кои ја намалуваат б олката во стомакот и подуеноста. Ако гасовите и синдромот на нервозни црева се придружени со појава на дијареа, се препорачува употреба на лекови со цел да се забави забрзаната подвижност на цревата, како и специфичен вид антибиотик.
Исхраната треба да се базира на свежо овошје и зеленчук, како и варен зеленчук, супи, месо не повеќе од 150 г во еден оброк, многу вода и чаеви. Шеќерот може да се замени со сорбитол кој го има во овошјето.
Чаевите што содржат слуз се многу корисни за иритабилните црева затоа што делуваат на два начина: премачкување на цревата со мукозни супстанции и го елиминираат запекот и овозможуваат нормално поминување на столицата.
Исто така се погодни за луѓе склони кон дијареа бидејќи спречуваат дејство на ште-тни бактерии кои ја предизвикуваат.
Лененото семе, бел слез и ајдучка трева се чаеви кои може да се даваат и на деца доколку ги боли стомачето. Кога ги пиете овие билки, важно е да знаете дека тие можат да го зголемат или забрзаат дејството на лековите што ги земате, па затоа е важно да обратите посебно внимание и да се консултирате со вашиот лекар.
По земањето на овие билки, особено ленено семе, пожелно е да се пие многу вода. Покрај слузавите билки, ароматичните билки со есенцијални масла се корисни и за смирување на цревата и нормализирање на нивната работа.
Затоа се препорачува да се пие чај од камилица, нане и мајчина душица. Невенот се препорачува за оние кои покрај иритабилно црево и гасови имаат и хемороиди што кр-вават.
Чајот од овес е многу корисен бидејќи е богат со слуз и микроелементи. Во овој чај можете да додадете малку каранфилче или кора од цимет. Овие зачини го подобруваат вкусот на чајот, а имаат и антисептички ефект.
Чајна мешавина против гасови
Потребни состојки: ленено семе, сладок корен, ајдучка трева, нане, мајчина душица.
Постапка: Измешајте ги сите билки заедно, па додајте 5 супени лажици од мешавината во литар врела, зовриена вода. Промешајте, поклопете и оставете да отстои половина час. По изминатото време, процедете низ газа и пијте во текот на денот во мали голтки.
Чајна мешавина против подуеност, гасови, б олки во стомакот и нередовна столица
Потребни состојки: камилица, бел слез, нане.
Постапка: Измешајте ги сите билки заедно и додајте 5 супени лажици во литар врела вода. Промешајте, поклопете и оставете да отстои чајот 30 минути. Потоа, процедете низ газа и пијте во текот на денот.
Против иритација на цревата предизвикана од нервоза и с трес
Потребни состојки: валеријана, камилица.
Постапка: Измешајте ги билките заедно, па ставете 5 супени лажици во литар врела, зовриена вода. Промешајте, поклопете го чајот и оставете да отстои половиначас. Процедете низ газа и пијте во текот на денот во мали голтки.
Кората од дива цреша е многу корисна за елиминирање на цревните проблеми што се јавуваат како резултат на с трес или нервоза. Ако сте во можност да ја набавите, не заборавајте да додадете 100 г од оваа мешавина.
Чај од овес за регулирање на работата на цревата
Измијте 100 г неизлупен овес за чај под млаз вода и посипете еден литар вода во тенџере и загрејте до вриење. Откога ќе зоврие, оставете го тенџерето заедно со билката уште 10 минути на тивок оган.
Потоа тргнете од шпорет и додајте лажичка каранфилче или кора од цимет (избегнувајте цимет во прав, користете ја кората на парчиња). Поклопете и оставете да отстои уште 20 минути. Процедете и пијте во текот на денот, засладен со мед по желба.
Направете стимулативна масажа
Стимулирајте го дебелото црево за да се активира перисталтиката. Легнете на грб со нозете свиткани во колена, па започнувајќи од долниот десен агол, движете се нагоре, па под прав агол движете се со прстите над папокот во права линија до крајот на левата страна, па спуштете се надолу и затворете го квадратот.
Освен квадрат може да исцртувате и кружница. Движете се околу папокот во насока на движењето на стрелките од часовникот, односно се следи насоката на движењето на дебелото црево. Вежбата изведувајте ја на празен стомак и правете помеѓу 30 и 40 круга за смирување на гасовите.
Маслото од коморач се користи во фармацевтската индустрија, но и во народната медицина како средство против подуеност на стомакот, за поттикнување на дигестијата, за ослободување од слуз, за поттикнување на продукција на мајчино млеко, за промивање на воспалени очи, како и за козметички облози.
Содржи етерични масла, витамин Ц и Е, како и калиум. Ја поттикнува добрата дигестија и го смирува нервниот систем. Коморачот е познат по својата способност за ослободување од гасови.
Семето од оваа билка делува против спазми и ги ублажува грчевите во желудникот. Богат извор е на калиум, па добро влијае и за здравјето на срцето.
За луѓето кои ја сакаат типичната западна исхрана, со внес на коморачот во својата исхрана може да го редуцираат високиот притисок. Влегува во состав на детските чаеви. Многу поволно делува против стомачни б олки кај бебињата (чај од семе на коморач).
Рецепт на Маја Вебер. Маслото од коморач се приготвува многу едноставно: наберете свежа билка, само меките делови, бидејќи гранчињата се жилави, па наполнете го блендерот колку што собира, додајте маслиново масло и изблендирајте.
Содржината ставете ја во тегла и дотурете маслиново масло, да има барем два прста над билката. Маслото се чува во фрижидер и може да се користи уште следниот ден, со додавање во јадења или по потреба во лековити цели.
Најдобро е да се искористи најмногу во рок од три месеци. Користење и дозирање: наутро на гладно и навечер пред спиење по една мала лажичка. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска